Еден млад Евреин отишол кај познат рабин и му кажал дека сака да го проучува Талмудот.

– Знаеш арамејски? – прашал рабинот.

– Не.

– Хебрејски?

– Не.

– Дали си ја проучувал Тората во детството?

– Не, рави. Но, не се возбудувајте. Јас завршив Филозофски факултет во Беркли и скоро бранев дисертација за логиката во филозофијата на Сократ. Сега, за да ги пополнам белите точки во моето знаење, сакам малку да го подучувам Талмудот.

– Ти не си спремен да го изучуваш Таламудот. Ова е најдлабоката книга напишана од луѓето. Но, ако инсистираш ќе ти направам еден мал тест за логика, ако го положиш, ќе ти помогнам.

Младиот човек се согласил и рабинот продолжил.

– Двајца мажи се спуштиле во оџак. Едниот излегува со чисто лице, другиот со валкано. Кој од нив ќе оди да се измие?

Младиот филозоф се замислил.

– Дали е ова тест за логика?

Рабинот кимнал со главата.

– Секако, оној на кој му е валкано лицето.

– Погрешно. Мислете логично: Оној со валкано лице ќе го погледне оној кој е чист и ќе одлучи дека неговото лице е исто така чисто. Оној кој е со чисто лице, ќе погледне оној кој е со валкано и ќе помисли дека лицето му е исто така валкано. Затоа тој ќе оди да се измие.

– Многу итро смислено! ајде учителе дајте ми уште еден тест!

– Во ред младо момче. Двајца мажи се спуштиле во оџак. Едниот излегува со чисто лице, другиот со валкано. Кој од нив ќе оди да се измие?

– Но, тоа веќе го решивме, оној со чисто лице.

– Погрешно. И двајцата ќе отидат да се измијат. Мислете логично: Оној со чисто лице ќе го погледне тој со валканото лице и ќе одлучи дека и неговото лице е исто така валкано. А оној кој е со валкано лице, ќе види дека другиот оди да се мие, ќе одлучи дека и неговото лице е валкано. Така и двајцата ќе си го измијат лицето.

– Јас не помислив на тоа. Направил логичка грешка. Учителе, дај ми уште еден тест.

– Ајде. Двајца мажи се спуштиле во оџак. Едниот излегува со чисто лице, другиот со валкано. Кој од нив ќе оди да се измие?

– Ама и двајцата ќе одат да се измијат.

– Неправилно. Ниту еден нема да отиде да се измие. Помисли логично: оној кој е со валкано лице, ќе го погледне овој со чистото и нема да оди да се измие. А оној кој е со чисто лице, ќе види дека овој со нечистото лице не оди да се мие и ќе сфати дека неговото лице е чисто. Затоа нема да оди да се измие.

Момчето станало очајно.

– Но, Ве молам дозволете ми да го проучувам Таламудот. Прашајте ме нешто друго!

– Во ред, ајде. Двајца мажи се спуштиле во оџак. Едниот…

– Ох, Господе, ниту еден нема да отиде да се измие.

– Погрешно. Сега сфаќаш ли дека познавањето на сократската логика не е доволно за да го проучуваш Талмудот? Кажи ми како е можно двајца да се спуштаат во ист оџак, а еден да го извалка лицето, а другиот не? Зарем не разбираш? Целото прашање е бесмислено и ако го изгубиш животот за да одговориш на бесмислени прашања, тогаш сите твои одговори исто така ќе бидат бесмислени.

Сподели на Facebook
пати видено