Луѓето се чудни и посебни на свој начин. Што значи дека не сме задоволни ако само јадеме, спиеме и имаме кекс како останатите од животинското царство (иако некои луѓе денес сметаат дека ова е прилично добар живот), туку се стремиме да се развиваме и да ја унапредуваме цивилизацијата.

Само неколку семејства преживеале надвор од Африка

Сите ние потекнуваме од Африка. Додека во самата Африка, се смета дека има 14 семејни лози, само едно од овие семејства преживеало надвор од континентот. Пред околу 70.000 години, мала група на луѓе, можеби не поголема од 200 луѓе, го преминале Црвеното Море, во точка позната како Порта на Тагата, и навлегле во Арабија, Азија и Европа.

Луѓето некогаш биле загрозен вид

Истражувачите откриле дека, околу времето кога нашите предци се ширеле низ Африка, Европа и Азија, веројатно имало само околу 18.500 лица. Овие броеви се доволно ниски за да бидеме на списокот на загрозени видови денес.

Постои теорија дека кинезите се посебен вид

Некои научници не се согласуваат со тоа дека сите потекнуваме од ист вид. Постои Антропологија која сугерира дека кинескиот народ потекнува од различна гранка на хомо еректус кој што ја напуштил Африка долго пред да го стори тоа хомо сапиенсот. Тие тврдат дека поради тоа постои големата разлика меѓу типичните карактеристики на лицето и градбата на кинескиот народ со африканскиот.

Европејците се бели поради витамин Д

Европејците се бели поради послабите сончеви зраци во северните делови на Европа. Се е поврзано со витаминот Д. Го правиме овој витален витамин во нашата кожа кога сме изложени на сончева светлина и, додека темната кожа е добра за заштита од штетните УВ зраци на сонцето, го спречува производството на витамин Д на сончевата светлина во Европа. Поради тоа најверојатно еволуцијата делувала селективно и преживувале оние луѓе кои имале посветол тен.

Нашите мозоци се намалиле

Постојат две гледишта зошто нашите мозоци се намалиле. Првото е дека големиот мозок претставувал и поголем товар па со еволуцијата како сме го развивале системот за складирање на информации се развивал и мозокот и станал „компактен“, како компјутерите некогаш и сега. Втората теорија е дека сме се „припитомиле“ на модерниот свет и повеќе немаме потреба од лов и преживување и нашите тела и мозоци станале помали поради помалата потреба да се грижиме за себе во дивината.

Ние всушност не сме физички слаби

Иако причината поради која што сме на врвот на ланецот на исхрана е поради тоа што сме ги „надмудриле“ останатите животни, сепак човекот не е физички слаб. Ние како цицачи сме одлични плавачи и сме многу издржливи во трчањето. Во минатото луѓето го ловеле пленот така што го изморувале со трчање до смрт.

Нашиот меур од радио сигнали стигнал до далечни ѕвезди

Откако сме почнале со емитување на радио сигнали пред еден век, тие се размножиле нанадвор, движејќи се со брзината на светлината, во балон околу Земјата. Иако, во големата шема на универзумот, 100 светлосни години се само мал дел од картата, овој меур всушност опфаќа голем број ѕвездени системи. Во рамките на 74 светлосни години, овие сигнали почнуваат да вклучуваат и телевизиски емитувања. Така да можно е некоја далечна цивилизација да ги гледа старите ТВ канали или пак да слуша радио пренос од нашето минато.

Човековата експлозија

Во последните 50 години населението на Земјата е двојно зголемено. Во следните два дена, човештвото ќе генерира повеќе податоци отколку што биле создадени во период од зората на цивилизацијата до 2003 година. Ние сме на пат да станеме меѓупланетарен вид и со брзината со која се движиме кој знае каде ќе бидеме за милион години.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено