Пипа Дурлага е уметник и графичар од Јоркшир и таа има прекрасно портфолио на дела од хартија. Секое дело се сече од еден лист хартија и има богата шема од исечоци кои ги формираат и најситните детали на змиите, перјата на папагалите и крзното на мачките. Пипа има диплома од факултетот за современа уметност и моментално работи на повеќе хонорарни проекти. Таа исто така продава и голем број на нејзини дела во ограничени изданија во нејзината продавница.

Сподели на Facebook
пати видено