Затворска ќелија со двајца затвореници. Едниот кочански мафијаш – огромен, влакнест, висок два метри и кусур, тежок 150 кг, ама приглуп. Другиот – ситен, слаб, да го дувнеш ќе падне, но голем итрец. Еден ден итрецот му рекол на кочанскиот мафијаш:
– А бе, братче, многу е досадно овде, сакаш ли да играме карти?
– Ајде, ама на што ќе играме кога немаме пари?
– Да, немаме! – Се замислил малиот. – Ајде тогаш, тој што ќе победи ќе го „работи“ другиот.
Кочанскиот мафијаш и така бил загорен, се согласил и почнале да играат. Малиот итрец успеал да си ги намести картите и на крај победил, се разбира. Големиот воздивнал, но се помирил, станал, се свртел кон ѕидот, си ги симнал гаќите, се потпрел со рацете на ѕидот и чекал. И тука започнале проблемите на малиот. Побрзал тој радосно да си ја искористи наградата, но бидејќи бил мал, никако не можел да дојде до високиот задник на кочанскиот мафијаш. Скокал, се мачел, се потел, ништо. На крајот не издржал и му рекол на мафијашот:
– Брату, ајде помогни ми малку, бе!
Кочанскиот мафијаш, ја свртел главата, сеуште потпирајќи се на ѕидот, го погледнал преку рамо, воздивнал и со тешко срце рекол:
– Те сакам.

Сподели на Facebook
пати видено