Кира е 17-годишна горила од зоолошката градина во Филаделфија. Таа требала да се породи, но вработените во зоолошката забележале дека се мачи и дека нешто не е во ред. Од зоолошката викнале тим на ветеринари, а потоа и гинеколози, кои иако се навикнати да работат со луѓе, успеале во целта приказната да добие среќен крај. Кира родила здраво младенче и сега се неразделни.

Во тимот исто така имало и еден хирург и анестезиолог. Сличен ваков бил спремен да помогне и минатата година за породување на горила, но на крајот немало потреба бидејќи не се појавиле компликации. По час и половина тимот помогнал да се донесе на свет машко младенче, со помош на форцепс и епизотомија, постапка за зголемување на отворот при породување.

Ова е прва бременост за Кира, а трето потомство за 32-годишниот Мотуба, кој исто така е татко на Амани, женка родена во зоолошката минатата година. Горилата од западните низини, кои живеат во шумите во Африка се наведени како критично загрозени видови.

Сподели на Facebook
пати видено