Негова работа е да става по 1 штрафче во секој iPhone, работи по 12 часа на ден, а вкупната плата што ја добива е 25.000 денари. Слободен ден му е само недела.
Фабриката е огромна, поделена е на 7 помали фабрики, а работат вкупно околу 70.000 луѓе. Освен картичката, влезната врата мора да ти го препознае лицето за да ти се отвори, токму за вакви видеа да не протекуваат во јавност. Затоа и експериментот на студентот траел 6 месеци, за да успее да собере материјали.

Она што најмногу го нервирало бил односот на менаџерите, кои постојано им викале на работниците. Исто така вознемирувачко било што според студентот, имало мрежи во ходниците на секој кат, за да спречат самоубиства на работниците. Исто така и прозорците биле со решетки од истата причина.

Работниците живееле во кампуси, како студентски домови, кои ги напуштале само за викендите.

Сподели на Facebook
пати видено