Мајка се обидела да и одржи една важна животна лекција за моќта на зборовите, пред да ја тргне во средно училиште. Ејми Бет Гарднер од Кливленд, САД, зела паста за заби и ја истискала врз една чинија, за потоа да ѝ каже на ќерка си да ја врати назад во тубичето.

br01

„Но, не можам! А и нема да биде исто како што беше!“ протестирала нејзината ќерка. Ејми ѝ кажала на ќерка си Бриона да ја помни чинијата со паста за заби до крајот на својот живот.

br04

„Исто како и пастата за заби, штом еднаш зборовите ќе излезат од устата, не можеш да ги вратиш назад“, ѝ кажала таа на ќерка си. „Твоите зборови имаат моќ на живот или смрт. Кога ќе тргнеш во средно ќе видиш колкава тежина носат твоите зборови. Ќе ти се укаже прилика да повредиш со своите зборови, да омаловажуваш, озборуваш и повредуваш други. Но, ќе имаш да исцелиш, охрабриш, инспирираш и да ги сакаш другите. Понекогаш ќе направиш погрешен избор; Можам да се сетам на три пати оваа недела кога ги употребив моите зборови невнимателно и предизвикав штета. Исто како и пастата за заби, штом зборовите ќе излезат од устата, не можеш да ги вратиш. Внимателно бирај ги своите зборови, Бриона“.

 br02 br03  br05 br06

Сподели на Facebook
пати видено