Млад маж оди на веридба да ја бара за жена својата девојка.
– Што работиш? – Прашува таткото на девојката.
– Па… се занимавам со уметност.
– А како мислиш да се издржувате?
– Ќе даде нешто Господ.
– А децата, тие со што ќе ги издржувате?
– Е па и за нив, што ќе даде Господ.
– А стан, кола…
– Ќе даде Господ и тоа.
Завршува веридбата и таткото и мајката на девојката си прават муабет. Таткото вели:
– Ми се виде многу смотан, но многу му го прави меракот затоа што ме вика Господ.

Сподели на Facebook
пати видено