Католичко дете-светица којашто била избодена до смрт од нејзиниот татко пред 300 години наводно трепнала, и тоа било снимено од страна на еден турист. Телото на Санта Иносенсија се чува во Катедралата на Гвадалахара во Мексико. Телото е конзервирано во восок. Контроверзното видео било видено повеќе од 600 000 пати на Јутјуб, предизвикувајќи жестока дебата за тоа дали се работи за паранормална активност или инцидентот е измама. Некои дури сметаат дека тоа е дело на ѓаволот кој сака да импресионира.

Легендата за Санта Иносенсија, чиешто име се преведува со Света Невина, раскажува за младо девојче кое било убиено од нејзиниот сопствен татко откако зела причест. Имено, татко ѝ ѝ забранил да пристапи во католичката вера, но девојчето избегало и ја прифатило католичката вера откако се спријателило со католичка калуѓерка. Кога се вратила дома, татко ѝ ја нападнал, заривајќи ѝ нож во градите. Телото потоа било однесено во катедралата кадешто се чува како симбол на нејзината љубов кон светата причест.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено