Д-р Џош Аксе автор на книгата Eat Dirt верува дека постојат 5 различни типови на стомаци. Многу нутриционисти ќе се согласат дека здравјето започнува од стомакот. Затоа луѓето треба да бидат свесни каков стомак имаат и како да го третираат.

001

Кандида

Ако имате ваков тип на стомак вие веројатно јадете многу шеќер, ладна храна и антибиотици. Симптоми на кандида стомакот се нагло зголемување на телесната тежина, бавен метаболизам, течна столица и исцрпеност. Многу луѓе доживуваат лош здив, глад, мозочна магла, болка во зглобовите и надуеност.

Според д-р Аксе постојат многу начини за да се спротивставите на кандидата во стомакот.

Тие вклучуваат избегнување на шеќер, таблети и ладна храна. Нив заменете ги со чорби, супи, билни чаеви, овошја. Јадењето лук (кој го поттикнува имунолошкиот систем) и грејпфрут ќе ја намалат веројатноста за појава на кандида.

002

003

Имунолошки

Симптомите се проблеми со дебелото црево.

Причината за ваков тип на стомак е алергија на храна и нетолеранција, особено на глутен и млечни производи. Единствен спас е нејадење на овие производи.

Доктор Аксе препорачува водење дневник на храна за да дознаете која храна е вашиот проблем, а потоа да престанете да јадете.

Тој исто така вели дека супата од коски е голем исцелител и дека кокосовото масло е голем плус во вашата кујна.

004

 

Токсичен

Ако вашиот стомак е токсичен, вие сте во неволја. Симптомите на овој стомак се чувствителна кожа, болести на жолчното кесе, а се јавуваат поради јадење многу масна храна.

Лекувањето вклучува јадење храна богата со растителни влакна и храни кои го поддржуваат црниот дроб и жолчката.

Јадете темно зелен зеленчук, зелени плодови и цедени сокови во најголем дел.

Намалете ја млечната и масната храна, авокадото е одлична замена за мастите, а куркумата најмногу му помага на црниот дроб.

005

Стрес

Овој тип на стомак е проблем на денешните генерации. Симптомите се ниско либидо, мускулна слабост, алергии и несоница.

Д-р Аксе препорачува да се избегнува кофеин, алкохол и шеќер кои предизвикуваат воспалителна реакција. Наместо тоа да се пијат билни чаеви, храна богата со витамини од групата Б, говедско месо, лосос, јогурт и кефир.

Виолетова зелка, бобинки, ореви, семки од тиква и авокадо исто така можат да помогнат за овој тип на стомак.

006

 

Гастритис

Последно, но не и најмалку важно е гастритис стомакот.

За секој кој редовно се чувствува подуен или страда од киселина после јадење страда овој тип на стомак.

Место да јадете три големи оброци, јадете малку и често. Пијте чаша топла вода со една лажица јаболков оцет пред јадење, за да го намалите pH на желудникот.

И на крај намалете го внесувањето на кафе и избегнувајте ја преработената храна секогаш кога можете.

Редовно јадете овошје и зеленчук и џвакајте го темелно пред голтање. Избегнувајте да јадете кога сте под стрес.

007

Сподели на Facebook
пати видено