17-годишен средношколец – шегаџија и неговиот другар решија да им направат јака финта на посетителите на Музејот на современа уметност во Сан Франциско. Целиот настан уредно го фотографираа и го објавија на интернет.

Тинејџерот шегаџија измами голем број љубители на уметноста да веруваат дека неговите очила подот се ремек дело на модерната уметност. Урнебесната шега се случи во Музејот на современа уметност во Сан Франциско, САД.

17-годишниот Ти Џеј Кајатан ја посетил галеријата со своите пријатели, при што прокоментирал дека не е многу впечатлен од некои од изложените уметничи дела, велејќи за едно од нив дека е едвај нешто повеќе од „препарирано животно на сива покривка“.

mj01

Кајатан решил познавачите на уметност да ги стави на проба. Сакал да дознае дали уметничките дела во Музејот на современата уметност се неразбрани дела, или речиси сѐ што ќе се изложи во галеријата би можело да се прогласи за современа уметност. Студентот и неговите пријатели решиле да постават пар очила на подот – и се тргнале на страна да видат како ќе реагираат посетителите. За неколку секунди, пред новото „уметничко дело“ се нашле редица љубители на уметноста желни да фрлат поглед врз „ремек-делото“. Некои дури почнале и да ги сликаат очилата, очигледно воодушевени.

mj03

Кајатан, кој ги снимил реакциите на камера, подоцна ги поставил сликите на Твитер, кадешто тие речиси веднаш станале хит. Затоа, следниот пат кога ќе се најдете на некоја изложба на современа уметност, внимавајте, може да се случи и вие да бидете жртви на ваков мајтап.

mj04 mj05 mj06

Сподели на Facebook
пати видено