За Јутјуб сензацијата, влог двојката Еланија Караусу и Рајли Вајтлам, коишто патуваат околу светот и ги документираат своите патувања уште од 2014 година – секој ден се сабота. Фотогеничната двојка само што склучила договор за луксузна јахта вредна милион долари, која ќе го замени нивниот сегашен чамец, познат како Ла Вагабонде.

„На седмо небо сме“, вели Еланија. „Ниеден од нас не може да поверува како испадна сево ова“, додава Рајли.

Тие се вљубиле пред неколку години и во октомври 2014 година тргнале на пат околу светот, качувајќи видео блогови на Јутјуб и секој ден градејќи ја својата база на следбеници која денес надминува бројка од 216 000, добивајќи илјадници лајкови и видувања секој ден.Од февруари 2017 година, тие ќе имаат пристап до луксузна јахта долга 13,7 метри и вредна еден милион долари. Откако по чиста случајност се запознале со производител на луксузни пловила во Лос Рокес, тие склучиле неверојатен договор со него.

„Сонував за ова уште од кога го добив првиот имејл“, вели Вајтлам во неверување.

Иако нивната приказна звучи идилично, тие отпрвин парите за патувањето ги стекнале преку платформата за донации Патреон, која на независните уметници им овозможува да прават креативни нешта со помошта на пошироката јавност – луѓето донираат извесна сума пари за филм, слика и сл. за уметниците да не мора да се продаваат себеси на огромни организации.

dv01 dv02 dv03 dv04 dv05 dv06 dv07 dv08 dv09 dv10 dv11 dv12 dv13 dv14 dv15 dv16 dv17 dv18

Сподели на Facebook
пати видено