Патувачки трговец носел 50 бали памук на неговиот грб, но кога се изморил, решил да се одмори во сенката на едно светилиште каде што имало статуа на Исус. Трговецот заспал, а кога се разбудил од неговиот памук немало ни трага. Тој веднаш за грабежот ја известил полицијата.

Еден мудар судија ја започнал истрагата.

„Овој Исус е крадецот на памукот. Тој е должен да се грижи за благосостојбата на луѓето, но ја запоставил својата света должност. Уапсете го!“, заклучил судијата. Полицајците ја уапсиле камената статуа на Исус и ја однеле во судницата. Кога слушнале селаните дека судијата обвинил статуа, сите се собрале во судот од љубопитност да слушнат каква ќе биде пресудата. Тие кревале голема врева во судницата.

Кога влегол судијата, налутено се обратил кон толпата:

„Какво право имате да кревате врева и да се смеете во мојата судница? Вие не го почитувате судот и вие ќе добиете парична казна и казна затвор.“

Луѓето почнале да се извинуваат, но залудно.

„Јас наложувам само парична казна. За три дена секој од вас треба да донесе по една бала памук. Кој не го стори тоа, ќе биде уапсен.“, одлучил судијата.

Откако селаните почнале да ги носат балите во судот, трговецот препознал една од неговите и така крадецот бил фатен, трговецот си го добил украденото, а останатите бали биле вратени на селаните.

Сподели на Facebook
пати видено