Ако чистењето и начинот на јадење е причината зошто не купувате калинки, изгледајте го видеово и веднаш отидете на пазар да си купите калинки.
Во некои делови од светот се смета дека калинката, а не јаболкото бил плодот со кој Ева паднала во искушение. Тајните на калинката се познати уште од дамнешни времиња, а современата наука денес само го потврдува она што одамна им било познато на античките народи.

Плодот има исклучително ниски вредности на заситени масти, холестерол и натриум, како и висок процент на растителни влакна.
Витамини: Големи количини на фолна киселина, витамин Ц и витамин К.
Минерали: Железо, калциум, бакар, калиум и фосфор.

Калинката се вбројува меѓу т.н. видови на супер храна. Бројни истражувања покажуваат дека таа има повисоки нивоа на антиоксиданси од црвеното вино, сокот од грозје и зелениот чај. Антиоксидансите го забавуваат стареењето на клетките и процесите на настанување на разни болести.

Сподели на Facebook
пати видено