Кога размислувате за најбогатите жени во светот што прво ви паѓа на памет? Светски позната актерка, врвен модел или жена на некој неизмерно успешен бизнисмен? Стереотипите за богатите жени секогаш ќе бидат присутни, но некои од овие дами пронашле начин како самите да си го зголемат капиталот.

12. Шеика Мозах, Катар

Возраст: 58
Нето вредност: 10 милиони долари
Прекрасната Шеика Мозах Бинт Насер Ал-Миснед е втора сопруга на емирот на Катар и мајка на 7 деца. Не само што Шеиха е социјален и политички активист, туку таа исто така го поддржува научниот и технолошкиот напредок во нејзината земја. Добитник е бројни почесни докторати и е прогласена за “една од најпознатите стилски први дами во светот”.

11. Иванка Трамп, САД

Возраст: 35
Нето вредност: 740 милиони долари
Иако најстарата ќерка на Доналд Трамп можела да смета на парите на нејзиниот татко за да живее безгрижно, одлучила да стане успешна деловна жена. Таа поседува неколку компании, често се појавува на ТВ, па дури и напишала книга. И покрај нејзиниот тесен распоред, таа секогаш наоѓа време за своето семејство и за себе.

10. Панси Хо, Кина

Возраст: 54
Нето вредност: 3,4 милијарди долари
Панси Хо е ќерка на Стенли Хо, милијардерот познат како „Кралот на коцкање“. Панси е најбогата од 17-те деца на семејството Хо.

9. Маргарита Луј -Драјфус, Франција

Возраст: 55
Нето вредност: 5,3 милијарди долари
Маргарита Луј-Драјфус (родена Маргарита Богданова) е најбогата руска бизнисменка во светот. По смртта на нејзиниот сопруг, таа станала претседател на групата Луј Драјфус и сопственик на фудбалскиот тим Олимпик Марсеј. Маргарита се премажила и неодамна родила близначки.

8. Кери Перодо, Сингапур

Возраст: 66
Нето вредност: 5,3 милијарди долари
Семејниот бизнис (една од најголемите приватни нафтени компании) се префрли на Кери откако нејзиниот сопруг, Хуберт Перодо, почина во 2006 година. Сега компанијата е предводена од нивниот син, а самата Кери се занимава со добротворната работа. Таа има 66 години, и изгледа неверојатно!

7. Шарлот Касираги, Монако

Возраст: 31
Нето вредност: 5,7 милијарди долари
Шарлот Касираги е осма по ред на тронот на Монако. Внуката на Грејс Кели работи како новинар и го посветува своето слободно време на јавање. Очигледно Шарлот не го наследила само кралско богатство туку и добриот изглед од нејзината позната баба.

6. Кристи Волтон, САД

Возраст: 68
Нето вредност: 6,1 милијарди долари
Вдовицата на Џон Т. Волтон, син на основачот на „Вол-Март“, некогаш била наградена со титулата за најбогатата жена во светот. И иако нејзината банкарска сметка постепено станува помалку атрактивна, таа сè уште е една од највлијателните женски филантропи.

5. Ирис Фонтбона, Чиле

Возраст: 74
Нето вредност: 13,7 милијарди долари
Ирис Фонтбона го наследила своето богатство од нејзиниот сопруг. Таа е најбогатата чилеанка во светот и успешно го води семејниот бизнис.

4. Лорен Пауел Џобс, САД

Возраст: 53
Нето вредност: 20 милијарди долари
Вдовицата на основачот на Apple Inc. во последно време привлекува внимание на јавноста. По наследувањето на акциите на нејзиниот сопруг на Apple, Лорен Пауел Џобс стана една од најбогатите жени во светот. Таа го води бизнисот и учествува во голем број големи добротворни проекти.

3. Сузан Клатен, Германија

Возраст: 55
Нето вредност: 22,5 милијарди долари
Директорката на фармацевтска компанија, Сузан Катен, заедно со нејзиниот брат, исто така, поседува половина од акциите на БМВ. Најбогатата жена во Германија успешно го води својот бизнис и го поминува слободното време со своето семејство.

2. Алис Волтон, САД

Возраст: 67
Нето вредност: 38,7 милијарди долари
Уште еден милијардер кој се збогатил благодарение на „Вол-Март“. Ќерката на Сем Волтон, основачот, е втора на нашата листа. Таа е љубител на уметност, па дури има свои приватни уметнички колекции. Но, зошто да не го направите она што навистина го сакате кога имате толку многу пари, нели?

1. Лилијан Бетанкур, Франција

Возраст: 94
Нето вредност: 43,1 милијарди долари
И покрај нејзината возраст, кралицата на L’Oreal поседува хуманитарна фондација и сè уште работи исклучително напорно. Не е ни чудо што, на возраст од 94 години, Лилијан Бетанкур е најбогатата жена на светот. И таа изгледа неверојатно!

Сподели на Facebook
пати видено