Градот за жал е познат во светот по нуклеарната катастрофа која му се случи во 1986 година. Чернобилската несреќа е најголемата несреќа во историјата на нуклеарните централи и до денес единствен случај на 7 степен на нуклеарен настан според Меѓународната скала на нуклеарни настани. На 26 април 1986 во 01:23:40 часот во нуклеарната централа во Чернобил, Украина дошло до експлозија. По првата, дошло до ланец од неколку експлозии и пожари кои создале радиоактивен облак во атмосферата кој потоа се раширил над широк географски регион. Радиоактивниот облак бил 30-40 пати поголем од оној што настанал над Хирошима.

Сподели на Facebook
пати видено