Вернер Магнус Максимилијан Фрајхер фон Браун бил германски машински и воздухопловен инженер национализиран во 1955 година со цел да биде интегриран во НАСА. Тој се смета за еден од најважните ракетни инженери на дваесеттиот век и главниот дизајнер на на V-2 ракетата, со која е бомбардирано Обединетото Кралство, како и Сатурн V ракетата која ги однесе луѓето на Месечината.

Во потрагата за да развие големи ракети, тој се приклучил на германската армија и развил балистички проектили пред да дојде Хитлер на власт во 1933 година а подоцна бил доделен на СС во 1940 година. Ернст Стунхлингер, неговата десна рака, вели дека Вернер не сакал да работи за Хитлер и имал проблеми со луѓето од Гестапо. Додека работел за армијата фон Браун се стекнал со докторат по воздухопловен инженеринг на 27 јули, 1934 година.

Откако му станало јасно дека Германија нема да победи во војната, тој ги контактирал Сојузниците и сакал да се предаде на американските сили, кои започнале операција „Спојувалка“ во која што целта била да се соберат германски научници и да се стават на страна на Сојузниците. Вернер се предал со уште 500 научници, заедно со нивната опрема, дизајни и неколку тест возила. Фон Браун официјално станал државјанин на Соединетите Американски Држави на 14 април 1955 година.

Вернер бил вљубен во можноста да се патува во вселената и напишал неколку теоретски и вонфикциското трудови во кои ја објаснува колонизацијата на Марс и како ќе се изгради вселенска станица која ќе се стави во стабилна орбита околу нашата планета.

Името на трудот е „Проектот Марс“ и е техничка спецификација за експедиција со екипаж на Марс. Експидицијата би вклучувала една флота од 10 летала со 70 членови на екипажот кои ќе поминат 443 дена на површината на Марс. Леталото, седум патнички бродови и три товарни бродови би биле составени во орбитата на земјата со материјали обезбедени од еднократни вселенски летала. Флотата би користела азотна киселина / хидразин ракетното гориво, кое иако е корозивно и токсично ќе може да се чува без ладење за време на тригодишното патување до Марс. За патување во два правци би требало 5320000000 килограми гориво. Хоманови траектории би се користеле за да се стигне од орбитата на Земјата до орбитата на Марс. Вернер точно пресметал колку гориво ќе им биде потребно на ракетите за овие маневри.

Чудно е тоа што Вернер велел дека наместо претседатели, на владетели на колонијата ќе им биде дадена титулата „Елон“. Некои тоа го поврзуваат со името на Елон Маск кој сега работи на вселенско летало со евтино гориво и ефикасно користење на енергијата. Дали генијот зад SpaceX и Tesla Motors ќе биде водачот на човештвото? Што мислите Вие коинциденција или не?

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено