Јужноафриканскиот дизајнер на мебел Рајан Френк насобрал впечатливо портфолио во изминатите десет години, при што за многу од неговите креации клучен збор е „одржливост“. Од селски маси до компјутерски додатоци, лампи и полици, дизајните на Рајан се фалени во списанија насекаде во светот. Сега тој има свое студио во Лондон и Барселона, но и покрај својот успех, Рајан претпочита едноставен живот. Во ова видео од faircompanies.com тој нѐ рашетува низ својот дом – импресивна „привремена структура“ која ја изградил на парче земја во Шпанија.

Рајан барал нацртно решение за еко-куќа која би можела да се класифицира како современо: што значи без цемент, камен или друг ѕидарски материјал и малку крената од тлото. Откако ги зел предвид јуртите и куполите како концепт, се решил на дизајн кој го чинел 1000 евра, и за што му биле потребни само 100 часови работа. Овој стил на градба првин била разбвиена од градител на чамци. Куќата е дрвена структура, покриена со овча волна и покриена со платно. Зиме печката на дрва ја одржува куќата удобна и топла, а лете отворањето на вратата и прозорците обезбедува воздушен тунел кој ја освежува куќата.

Рајан во таа куќа живее постојано, заедно со неговата девојка, иако користат приколка и одделна кујна, како и одвоен тоалет и туш кабина. Ако и вие сте заинтересирани за слично нешто, можете да разгледате на WikiHouse.

Сподели на Facebook
пати видено