Развивањето на ментална цврстина се состои во усовршувањето на вашето чувство за цел и смисол и негувањето на вашата способност да направите да се случуваат добри нешта. Стабилниот ум може да биде патна мапа кон личниот успех во сите области на вашиот живот, особено во вашата кариера. МЕнтално силните луѓе имаат многу карактеристични црти на нивниот карактер. Да видиме некои од нив и да научиме нешто.

How To Recognize A Mentally Strong Person

1. Ментално цврстите луѓе уживаат да поминуваат време сами, наместо да се плашат од тоа

Умствено стабилните луѓе можат да бидат сами и не се плашат од тишината. Не се плашат да останат сами со нивните мисли, и времето кога не се особено расположени знаат да го употребат на креативен и продуктивен начин. Тие уживаат во сопственото друштво и не се постојано зависни од другите за друштво или забава и наместо тоа се среќни кога се сами.

2. Не живеат ни во минатото ни во иднината

Да се живее во сегашноста, наместо да се живее во минатото или да се фантазира за иднината, ви овозможува да ги видите нештата какви што навистина се. Ментално стабилните луѓе се внимателни и целосно се впуштаат во комуникација со светот.

3. Се осмелуваат да излезат од нивната зона на удобност

Зоната на удобност воопшто не е безбедна за никого. Токму спротивното, таа може да биде опасно место, кадешто секој кој останува таму премногу долго целосно се губи себеси. Ментално силните луѓе не се откажуваат од нивните животи правејќи само „безбедни“ работи. Тие сакаат да ризикуваат.

4. Познати се по тоа што се свесни за себе

Да се биде „блажено несвесен“ може да ни помогне да го поминеле лошиот ден, но тоа тоа не е мудра стратегија на долг рок. Свесноста ни помага да бидеме во допир со нашите физиолошки и психолошки потреби – да знаеме што ни треба, што не ни треба и кога е време да побараме дополнителна помош. Луѓето свесни за себе се добри во слушањето на суптилните сигнали коишто им ги праќаат нивното тело и нивното расположение.

5. Не завидуваат на туѓата среќа

За многу луѓе е вообичаено да завидуваат на туѓите успеси, дури и кога станува збор за нивни пријатели. Причината за тоа да се чувствуваат така лежи во нивната ниска самодоверба. Умствено силните луѓе не завидуваат на успехот на другите, тие се радуваат за нив! Сите треба да знаат дека чувството на незадоволство одзема големи количества од менталната енергија. Ментално силните луѓе веќе го знаат тоа.

6. Тие знаат дека неуспехот е дел од успехот

За да се постигне некоја цел се потребни храброст и трпение. Тоа значи дека треба да знаете да го препознаете и прифатите поразот и да се обидете повторно. Ментално силните луѓе не се откажуваат при првиот неуспех – тие знаат дека тој е дел од играта. Секој може да падне, но потоа мора да стане.

7. Тие учат од нивните грешки

Ментално силните луѓе не ги прават постојано истите грешки.Тие ја прифаќаат одговорноста за нивното однесување и учат од нивните минати грешки. Како резултат на тоа, тие не ги повторуваат истите грешки повторно и повторно. Наместо тоа, тие продолжуваат понатаму и донесуваат подобри решенија во иднина.

8. Не го губат времето во самосожалување

Ментално силните луѓе не седат сожалувајќи се самите себеси за некој неуспех или за тоа како другите се однесуваат кон нив. Наместо тоа, тие преземаат одговорност за нивните дејствија и знаат дека играта не секогаш е лесна и фер.

9. Избегнуваат неразумни конфликти

Вистински знак на зрелоста е кога некој ќе ве повреди, а вие се обидете да ја разберете ситуацијата наместо да се обидете и вие да ја повредите таа личност. Држеето лутка никогаш не е решение за проблемите, ниту некој нешто постигнал со тоа. Наместо да си го трошите времето во омраза кон луѓето кои ве повредуваат, одберете да ја оставите болката зад вас и да научите нешто од тој инцидент. Дури и при најголем стрес, обидете се да останете смирени и со ситуацијата да се справите беспрекорно.

11. Го прифаќаат фактот дека не можат секого да задоволат

Ментално силните луѓе увидуваат дека не мораат цело време да се трудат да ги задоволат сите. Не се плашат да го бранат својот став кога тоа е неопходно. Тие се стремат да бидат љубезни и фер, но можат да поднесат кога некои луѓе се вознемирени затоа што не ги усреќиле.

11. Ги слушаат советите на другите луѓе

Ментално силните луѓе не се арогантни. Само глупавите веруваат дека си се достаточни во сите погледи и во секоја прилика. Добрата идеја си е добра идеја, без разлика даши дошла од вас или не. Не дозволувајте му на вашето его да ве обземе. Ако некој има добар совет, прифатете го.

12. Но, тоа не значи дека ќе дозволат другите да решаваат наместо нив

Само вие треба да сте тие кои донесувате одлуки за вас; не можете да дозволите некој друг да решава за вас. Сѐ што ова ќе донесе е префрлување на одговорноста од вас на некој друг, но на крајот единствената личност која што ќе претрпи неуспех сте вие. Ако немате храброст да доживеете неуспех, тогаш немате храброст ни за успех.

13. Тие знаат кога да запрат

Со други зборови, си ги знаат своите граници. Прилагодливите луѓе увидуваат дека постои разлика помеѓу тоа што се тие во својата суштина и причината за нивното привремено страдање. Стресот и траумата можат да играат улога во нивната приказна, но не дозволуваат тоа да стане нивен постојан идентитет.

14. Не сакаат да се оплакуваат

Лелекањето за вашите проблеми во секоја прилика ве прави да се чувствувате полошо, а не подобро. Ако нешто не е во ред, не губете си го времето жалејќи се. Вложете ја умствената енергија за да ја подобрите ситуацијата. Освен ако не сакат да продолжите да се жалите во бесконечност, на крајот сепак ќе мора да ја подобрите. Така прават ментално силните луѓе.

15. Тие веруваат во себеси

И затоа се способни за сето тоа што беше набројано во погорните редови.

Сподели на Facebook
пати видено