– Зошто се разведувате? – Прашува судијата.
– Добро е што се разведуваме, а не ми судите за убиство, почитуван судија. Замислете – август, сонцето пече, две-три птички пеат, децата си играат во песокот, потта ме гали по вратот… со еден збор – сончево и топло лето. Седам јас на клупата и се прашувам дали ќе ме пушти мрзата да станам да си земам едно ладно пиво, а таа: „Кога ќе ја изнесеш елката од дневната соба?!“

Сподели на Facebook
пати видено