Сигурно сте си помислиле барем еднаш дека живееме во време кога нуклеарната војна е реалистично сценарио за нашата иднина. Големите суперсили имаат оружје за масовно уништување кое може да се искористи во можен глобален конфликт. И ако тоа се случи, човештвото ќе биде на работ на истребување. Малкумина ќе преживеат. Но, во каков свет ќе живеат? Еве некои од последиците од нуклеарната апокалипса:

Електромагнетниот импулс ќе ја исклучи електричната енергија

Кога нуклеарната експлозија станува реалност, таа може да испрати пулс од електромагнетно зрачење што ќе предизвика електричниот систем да престане да работи. Можно е да се прекине електричната мрежа низ целиот свет. Во едно тестирање на бомба импулсот испратен од експлозијата бил доволно силен за да се запре работата на уличните светилки, телевизори и телефони во радиус од 1600 километри од експлозијата. Зборуваме за ефектот од експлозијата, што бил случаен. Современите бомби се дизајнирани да го прават тоа со намера. Денес постојат монструозни бомби дизајнирани да испратат моќни електромагнетни импулси при експлозијата. Бидејќи недостатокот на струја кај непријателот е огромен плус за другата страна.

Чадот ќе го блокира сонцето

Ако станува збор за нуклеарна апокалипса и експлозија на такви пеколни направи, заборавете на сонцето. Кога таква бомба експлодира, сè што е во нејзин радиус што може да гори, ќе почне да гори. Згради, шуми, пластика, па дури и асфалтот на патот, сè ќе биде во пламен. Токсичниот чад ќе се крене во атмосферата, а потоа и во стратосферата. Темниот облак, 15 километри над земјата, ќе почне да расте и да се движи, благодарение на ветрот. Во еден момент, целата планета ќе биде покриена со чад. Со години по експлозиите, сонцето нема да ја огрее планетата. Доколку конфликтот биде навистина глобален, тогаш овој период на недостаток на сончева светлина може да трае дури 30 години.

Ќе биде премногу ладно за одгледување на храна

Како што можете да претпоставите, во случај на нуклеарна апокалипса, најголемиот непријател на човештвото по завршувањето на војната ќе биде гладот. Но, имаме лоши вести – поради недостаток на сончева светлина, планетата ќе стане „пеколно ладно место“. Толку студено што ќе биде невозможно да се одгледува храна. Просечната температура на Земјата би можела да се намали за околу 20 степени. Замислете за каква драматична разлика зборуваме.

Ќе се јаде конзервирана храна

Еден од главните начини на кои човештвото може да преживее, е конзервираната храна и пијалоци од лименки. Група научници направиле експеримент поставувајќи лименки со пиво и сок во близа на нуклеарна експлозија. Истражувањето покажало дека иако самите лименки имале радијација, нивната содржина била безбедна за пиење. Прашањето е дали ќе имаме доволно конзервирана храна?

Не очекуваат страшни бури

Ние ќе бидеме принудени да се справиме со невреме што не сме го виделе досега. Начинот на формирање на облаците ќе се промени и тие ќе „произведуваат“ многу повеќе дожд. Додека не се нормализираат работите, можеме да очекуваме речиси постојани врнежи и бесни бури.

Луѓето сепак ќе преживеат

Нешто оптимистично за крај… сепак ќе преживееме. Денес, предвидувањата на научниците се далеку пооптимистички отколку оние пред неколку децении. Во 1980-тите, се верувало дека евентуалниот нуклеарен конфликт ќе го уништи целото население на Земјата. И да, многу луѓе ќе умрат. Повеќето од нив. Се проценува дека околу 500 милиони луѓе ќе бидат убиени од самото паѓање на бомбите. Многу повеќе ќе умрат од последиците.

Сподели на Facebook
пати видено