Кога Џенан Лок имала по неколку третмани за ракот на дојка во 4та фаза и рак на тироидна жлезда во 1ва фаза таа била решена да стори сé што е во нејзина моќ за да си помогне самата и на нејзиното семејство да се справи со болеста.

Додека одела на терапии многу пациенти доаѓале со нивните „тераписки кучиња“ и често ги раскажувале предностите на терапијата со четири нозе.

„Тие зборуваа за сите придобивки од тоа што имаат миленичиња низ и после третманот, како им било од помош на пациентите, како и на другите членови на семејството. Затоа размислував да усвојам животно.“, вели Џенан. Исто така нејзините две деца ја молеле да земат куче. Затоа тие се упатиле кон Best Friends Animal Society, организација за вдомување на бездомни кучиња во Солт Лејк Сити само за да „разгледаат“. Таму ја забележале Стела, црно-бело мешанче од боксер и веднаш се вљубиле во неа.

„Таа е прекрасен додаток на нашето семејство. За мене, само емоционалниот и менталниот аспект да се биде пациент со рак, тоа беше речиси предизвикувачки. Но, мојот онколог вели дека повеќето, ако не и сите пациенти заболени од рак, доживуваат анксиозност или депресија или и двете. Бев свесна за менталното здравје преку мојата борба против ракот и сакав да ги правам работите што ќе го поттикнат одржувањето на менталното здравје, па работите како одењето на прошетка со Стела навистина помогнаа да се подобри моето расположение.“, вели Лок.

Слаткото, грижливо кученце изгледа дека знае како да се однесува со секој член на семејството. Стела е мирна и утешна околу Лок, сепак игрива со 9-годишната Руби и 6-годишниот Андрес. Кога Стела прв пат пристигнала во нивниот дом Лок одела на секојдневно зрачење по осуммесечна хемотерапија и двојна мастектомија и имала уште неколку операции.

„Резултатот од сето тоа, кумулативните ефекти, чувствував многу замор и многу болка во различни делови од моето тело. Одев и на физикална терапија, но дома, прошетките со Стела го подобрија моето расположение, а исто така ми помогна да изградам енергија и сила.“, изјавила Џенан.

Но, таа не била единствената што ја „искористила“ Стела. „Моите деца имаа некои прилично трауматски искуства додека ме гледаа. Знам дека Стела ми помогна, но исто така знам дека им помага на моите деца. Нашето куче е толку полно со љубов и енергија, таа е одличен придружник. Ние ја сакаме Стела и со нетрпение очекуваме да поминеме повеќе години со неа како дел од нашето семејство.“

Моментално здравствената состојба на Лок е добра и болестите се во ремисија. Таа е горда на нејзиното куче затоа што и помогнало да мине низ овој тежок период од животот.

Сподели на Facebook
пати видено