Комшивката отишла кај Ајша на кафе и ја затекнала како готви ручек на електричен шпорет со 3 рингли. Ќе го подржи тенџерето неколку секунди на едната, па го преместува на втората, а по неколку секунди го преместува на третата. Потоа пак на првата и постојано така…
– Ајше, што правиш? – Прашала комшивката.
– Грав.
– А зошто само го преместуваш тенџерето од една на друга рингла, а не го оставиш да се вари само на една?
– Мора така. Откако дојдоа од ЕВН и ни ја исклучија струјата, Рамче не приклучи на семафорот.

Сподели на Facebook
пати видено