Можноста на Марс да тече сезонска вода веднаш ги заживеа дискусиите за тоа дали на планетата која најмногу наликува на Земјата во целиот наш сончев систем би можело и денес да има живот. Но, тоа не единственото место во нашиот сончев систем кон кое гледаат научниците.

За време на конгрес оваа недела, научниците направија листа од топ четири кандидати во рамките на нашиот сончев систем кадешто би можело да има вонземјански живот. Други научници ги скенираат радио и оптичките сигнали од далечните ѕвезди за да уловат знаци за технички напреднати цивилизации. Во иднина научниците планираат да трагаат и по хемиски знаци на живот во атмосферите на планетите кои кружат околу ним блиските ѕвезди.

Еве поглед кон најверојатните места во сончевиот систем кадешто би можело да се развие живот.

 vn01

Без двоумење, главниот научник на НАСА Елен Стофан изјави дека Марс е нејзиниот топ 1 кандидат кадешто би можело да се најде живот, покрај Земјата.

„Сега знаеме дека на Марс порано имало воден свет, слично како на Земјата, со облаци и воден циклус, а навистина и денес има течна вода на површината. Стотици милиони години околу половина од северната атмосфера на Марс била покриена со океан кој на некои места можеби бил длабок до 1.6 километри.

„Животот каков што го знаеме изискува вода која долго време била стабилна на површината на планетата. Затоа Марс е нашата примарна дестинација во нашата потрага по живот во нашиот сончев систем“, додава таа.

Следниот ровер на НАСА, чиешто лансирање е закажано за 2020 година, ќе биде опремен со инструменти за потрага по древен микробиолошки живот, иако според Стофан, за да се изведе соодветно истражување, ќе треба астронаути да отпатуваат на Марс, да отвораат карпи и да изведуваат експерименти, за да се направи дефинитивно испитување и откритие.

vn02

Месечината на Јупитер, наречена Европа, е речиси двојно поголема од земјината месечина, а сепак на неа има солен океан со двојно повеќе вода од океаните на Земјата.

Морето на Европа доаѓа во допир со каменесто тло, што овозможува соодветни услови за појава на живот. Месечината исто таа има и извор на енергија во изобилство. Тоа остава едно големо прашање: Дали има органски живот на неа?

Мисија планирана за 2020 година ќе се обиде да најде траги од органски живот кој евентуално од морето би завршил во ледената површина на месечината. Исто така ќе бараат одговор и за мистериозната пареа која би можела да биде водено испарување над јужниот поларен регион на Европа.

Научниците исто така би сакале да дознаат колку длабоко под ледената покривка на Европа се наоѓа нејзиниот океан.

„Тоа ќе биде од големо значење за изготвување стратегија за потрага по живот таму.“ вели планетарниот научник Џонатан Лунин. „Има многу основни работи што треба да се завршат на Европа…ако има свежи органски материи во пукнатините на мразот, тоа е добро место да се почне“, вели тој.

v03

Едно од големите изненадувања при мисијата Касини на НАСА на Сатурн беше откритието на испарувања од месечината Енкеладус, за која сега се знае дека на неа има глобален подповршиски океан.

„Направете листа на потребните состојки за живот налик на земјата – течна вода, органски материи, минерали, енергија и хемиски градиенти, а Касини најде доказ за сите тие нив во пареата“, вели Џонатан Лунин. „Најдиректниот начин да се побара живот е да се прелета низ пареата, што Касини го има сторено многу пати, со модерни инструметни кои можат да забележат знаци на живот.“

v04

Титан, најголемата месечина на Сатурн ни претставува интригантни можности за постоење на живот, иако најверојатно би бил различен од било што што може да се најде на Земјата. Тоа е единствената месечина во сончевиот систем со дебела заштитна атмосфера. Касини и неговиот придружник Хајгенс откриле свет со метански облаци, дожд, канали, речни долини и мориња од метан и етан.

„Не можеме а да не се запрашаме дали некоја нова форма на биохемиски живот не се развила во оваа егзотична, студена околина“, вели Џонатан Лунин од универзитетот Коренл. „Титан е тест за универзалноста на животот како резултат на космичката еволуција.“

Лунин вели дека во потрагата за живот на Титан, најверојатно вселенско летало ќе пушти капсула во неговото море, за да може да плови по површината и да врши мерења.

„Не знаеме што бараме тука, па така би била соодветна една општа потрага по обрасци и молекуларни структури кои би посочиле кон девијација од небиолошката хемија“, истакнува Лунин.

v05

Досега знаеме за постоењето на живот на само една планета, Земјата, но научниците не знаат како започнал тој, ниту пак дали имал еден или повеќе неуспешни почетоци, пред најпосле да се развие.

„Бидејќи сега за сега Земјата останува единствениот пример за населена планета, потрагата по живот исто така бара да го продлабочиме нашето разбирање за животот на Земјата“, вели Елен Стофан.

„Знаеме дека живите форми се издржливи, здрави, метаболички разновидни и високо приспособливи на локалните животни услови“, додава таа.

Научниците откриле микробиолошки форми на живот кои конзумираат нешта што вообичаено би се сметале за токсични, и кои можат да издржат радијација, студ, жештина и други екстремни услови.

„Знаеме дека животот многу бргу се јавил тука на Земјата, откако условите се стабилизирале. Тоа е чинител кој не прави оптимистични дека постои живот и на други места во сончевиот систем“, вели Стофан.

Клуч за тоа како настанал животот на Земјата можеби е зачуван на месечината, којашто го чува геолошкиот запис на првите милијарда години на Земјата.

„Тоа е времето кога се родил животот на Земјата. За да дознаеме што точно се случило на геолошки план, најдобро би било да се свртиме кон месечината“, смета Лунин. „Навистина немаме лабораториски модел за тоа како започнал животот на Земјата. Една од причините да се појде кон различните околини во нашиот сончев систем кадешто очигледно има услови за појава на живот и е можно да се види дали живот и воопшто се појавил на тие места, да се изведуваат експерименти на самото место, наместо во лабораторија. Впечатливо е тоа што најдовме четири одредишта во нашиот сончев систем кадешто би можело да постои живот, или постоел извесно време во минатото. Сега е време да се појде и конкретно да се истражува“, додава тој.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено