Еве како Андрија од Хрватска ја започнува својата приказна:

„Значи, толку полудев пред некој ден. Се враќам дома од факс. Тој ден имав писмен испит и не знаев како ќе минам. Седам во трамвајот и цело време во главата си вртам како беше. Дали изоставив некое прашање или на нешто погрешно сум одговорил? И така, додека си го вртам тоа во главата не ни гледам кој е во трамвајот, туку гледам збунето низ прозор. И тогаш некој старец почнува да ми се дере како веќе десет минути стои тука и дека сум страшно некултурен што не сум станал да му го отстапам местото.

ad

Како прво, воопшто не го ни забележав бидејќи и јас имав куп проблеми во врска со тоа како ќе поминам на факс, а второ, тој беше толку непријатен што не можев да поверувам дека некој во тие години може да биде толку безобразен. Катастрофа беше. И знам дека пензионерите постојано ги критикуваат младите дека се непристојни и не знаат како да се однесуваат, но всушност тие старци самите го провоцираат тоа. Дури пред тоа бев на нивна страна, но по ова сум целосно лут на нив. Да можат да си допуштат вакво однесување.

И, секако, целиот поцрвенев бидејќи создаде непријатна ситуација во трамвајот кој стандардно беше преполн и сите гледаат во наш правец. Се обидов да му објаснам дека не го бев видел, но не. Ми зборува дека мајка ми и татко ми лошо ме воспитале и од која ли дупка сум се довлечкал тука во Загреб. Инаку, јас сум од Загреб, но воопшто не е важно од каде сум. Очигледно, само нему му е важно. Како што беше сѐ побесен кон мене, толку ме испровоцира, особено кога ми ги спомна родителите. Е тоа не давам. Му кажав дека по таквото однесување и по таквиот безобразен и некултурен разговор немам намера да станам сѐ до мојата станица, која беше сигурно уште некои дваесет минути. Си замина на другиот крај на трамвајот и продолжи да негодува и да навредува, но не ми беше грижа.

Дури и другите луѓе не можеа да поверуваат што му е толку па да биде толку лут. Не дозволив некој да ме навредува, па уште да попуштам. Не сакам. Знам дека има стари луѓе на кои навистина им е потребна помош и секогаш им станувам, но ваков начин и безобразие не поднесувам. Ете, и понатаму напаѓајте ги студентите и младите дека не знаат да се однесуваат, но очигледно и пензионерите абер немаат од културно однесување, иако мислат дека знаат. Мислат дека целиот свет се врти околу нив, а ние би морале да им се посветиме на нив. Е, јас нема веќе!“

Што мислите вие, почитувани читатели, за оваа случка?

Сподели на Facebook
пати видено