Модната индустрија наметнна определени критериуми за момчињата и девојките кои се занимаваат со таа работа. Тенка половина, рамен стомак, кружно лице и бела кожа – до неодамна тоа беа стандардите. Но, во последно време тие мерила се менуваат. Оливија Кембел, Ешли Греам, Филомена Квао се едни од манекенките кои се дрзнале да го покажат сиот раскош на своите облини. Манекенките со плус големина станаа тренд и наметнаа поинакви стандарди. Поинаква е и Лолита, манекенката афро-американка која себеси се нарекува „црната Хана Монтана“. На Инстаграм ја следат речиси 340 000 луѓе, а поради својата исклучителна убавина, обожавателите ја викаат Црната Барбика. Лолита докажува дека бојата на кожата нема никакво значење кога станува збор за убавината.

l02 l03 l04 l05 l07 ll01 lo01

Сподели на Facebook
пати видено