На 3 април 1817 година, на пат во близина на Бристол, била пронајдена исцрпена, но убава, 25-годишна млада жена. Таа зборувала на јазик што никој не го разбирал, покажувала знаци на екстремен замор и носела странска облека што личела на национална облека на некоја држава.

Девојката носела црн фустан, околу рамената имала памучен црн шал и главата и била покриена. Бидејќи никој не ја разбирал што зборувала, таа била однесена во домот на судијата господин Ворел.

Жената на судијата, г-ѓа Елизабет Ворел, се сожалила на младата жена и ја пратила во гостилница каде што непознатата добивала храна и кревет. Следното утро, г-ѓа Ворел се појавила во гостилницата за да дознае повеќе за жената, но никој не го разбирал нејзиниот јазик. На крајот, по интензивни обиди и многу страдање, мистериозната жена разбирала што сакаат од неа, посочила со прст кон себе и рекла: „Карабу“.

Следното утро, г-ѓа Ворел ја однела Карабу во болницата во Бристол. Во меѓувреме многу луѓе дознале за она што се случило и биле исклучително љубопитни да се сретнат со неа. Потоа, г-ѓа Ворел се сретнала со образован господин кој многу патувал во својот живот и одлучила да го запознае со Карабу. Образованиот господин зборувал со Карабу преку гестови и разбрал дека (според нејзините зборови) таа е ќерка на човек од висок ранг и дека таа е принцеза. Исто така девојката покажала дека „слугите ја носат на рамениците“. Покрај тоа, таа објаснила дека додека стоела во нејзината градина, била киднапирана и продадена на капетан на брод кој во тој момент го напуштал брегот. По 5 недели на море, кога бродот бил близу до земјата, таа скокнала од палубата. Лутала шест недели додека конечно не го нашла патот кон Бристол.

Кога сите дознале дека Карабу е принцеза почнале поинаку да се однесуваат со неа и да ја третираат благородничка. Таа живеела во луксуз околу 10 недели. Но, всушност Карабу не била принцеза и наскоро нејзината измама била откриена. Таа била откриена преку нејзиниот ракопис кој бил исклучително необичен. Кога дел од него му бил покажан на архиепископот Ветли, тој одговорил дека тоа се „само неколку знаци, неколку зборови и бесмислени реченици на португалски“. Архиепископот Ветли рекол дека „ова е напишано на јазик непознат за луѓето“.

Кога една куќна помошничка случајно ја разоткрива принцезата Карабу, нарекувајќи ја со вистинското име Мари Бејкер, измамничката си ја признава измамата, почнувајќи веднаш да зборува на англиски јазик. Таа потврдила дека е Мари Бејкер и дека е родена во Девон во 1791 година. Иако открила дека е лажга, госпоѓата Ворел повторно се сожалила и го платила патувањето на Мари Бејкер во Филаделфија. За жал, нешто се случило по патот, а Мари се појавила на Света Елена, повторно тврдејќи дека е принцезата Карабу. Подоцна таа се упатила кон Америка, а по неколку години се вратила во Лондон. Мари била погребана во необележан гроб во Бристол. Според оваа приказна бил снимен и филм во 1994 година.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено