Археолозите велат дека пронашле изгубен град кој бил основан пред повеќе од два милениума по походот на Александар Велики во денешен Ирак. Градот Калатга Дарбанд прв пат бил откриен со користење на сега декласифицирани сателитски шпионски фотографии направени од страна на американската војска во 1960-тите и објавени во 1996 година. Денешните студии дополнително го откриваат потеклото на градот.

Градот бил откриен од луѓето во програмата на Ирак за да намали штетата од Исламската држава, која што на нанеле на националното културно наследство. Тимот е обучуван од Британскиот музеј во Лондон. Тие испратиле дронови на локацијата за да го потврдат постоењето на градот. Се верува дека Калатга Дарбанд бил основан во 331 година пред нашата ера по освојувањата на Александар Македонски и го населиле 3.000 негови воени ветерани.

Џон Мекгенис, кој го предводи тимот на терен, за Тајмс изјави: „Сѐ уште е рано, но мислиме дека ова бил енергичен град на патот од Иран кон Ирак. Можете да ги замислите луѓето кои им давале вино на војниците што минувале оттука“.

Се смета дека Калатга Дарбанд, чиј назив на курдски отприлика значи „дворец на планинскиот премин“, бил на патот на Александар Македонски кога тргнал во нападот на Дариј Трети во Персија. На локација биле пронајдени многу ќерамиди од теракота и грчко-римски статуи, што сугерира дека градот некогаш го населувале поданиците на Александар Македонски. Меѓу пронајдените предмети има и женска фигура, за која се смета дека ја претставува Персефона, грчката божица на вегетацијата, додека другата машка веројатно го претставува Адонис, богот на плодноста.

Калатга Дарбанд се наоѓа на околу 10 километри југоисточно од Ранија во ирачки Курдистан. Тимовите оттогаш вршат теренски инспекции на локацијата, проучувајќи ја големата плоштадна зграда, за која се смета дека е тврдина. Исто така, тие сметаат дека некој важен можеби бил погребан на оваа место. Градот го штитела голема тврдина која се простирала од реката до планината, а вкупно зафаќал 60 хектари.

Многу локалитети како овој биле погодени по инвазијата предводена од САД во 2003 година и уште повеќе, сега кога Исламската држава бесчувствително ги уништува. Различни историски локации биле уништени од милитантната група. На пример, во октомври 2015 Исламската држава ја уништи познатата Триумфална Арка во Палмира, за која се смета дека била изградена пред 2000 години.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено