Вајпер МекДоналд има тетоважи по целото негово тело, дури и лицето и поради тоа тој бил мета на многу негативни коментари. Но Вајпер и неговиот син Брендон направиле добро дело кое што влева надеж дека сеуште постојат добри луѓе. Тие двајцата се посомневале кога забележале постар маж како се обидува да разговара со две мали девојчиња.

50-годишниот маж ги убедувал девојчињата да трнат со него во шумата за да му помогнат да ја најде јакната која што ја изгубил таму. Вајпер и Брендон го фатиле човекот и викнале полиција, а на девојчињата им кажале да трчаат кон сопругата на Вајпер, која што се погрижила за нив додека да стигнат нивните родители.

Една од мајките на девојчињата објавила статус на Фејсбук во кој бескрајно му се заблагодарува на Вајпер и неговото семејство. Таа објавила фоографија од Вајпер и напишала: „Ова е Вајпер. Минатата ноќ Вајпер и неговиот 16-годишен син Брендон забележале како непознат маж се обидел да ја грабне ќерка ни и се запрашал што се случува и им кажал на девојчињата да трчаат кон неговата сопруга. Тие го фатиле човекот и го држеле се додека не пристигнала полицијата. Никогаш нема да можеме да ја искажеме доволно нашата благодарност. За вакви луѓе треба да зборуваме и споделуваме, не за копилето кое што е во затвор сега! Луѓето кои што ја ставаат безбедноста на заедницата на прво место и не се плашат да проверат сомнителна ситуација. Многу сме им благодарни што беа таму вчера.“

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено