Итар Пејо пристигнал во некој ан, но било доцна и имало само едно слободно легло во соба со непознат. Итар Пејо бил подготвен на сѐ, иако сопственикот на анот го предупредил дека непознатиот ‘рчи толку силно. што дури и луѓето во соседните соби се пожалиле.
Наредното утро Пејо слегол долу на појадок и сопственикот го прашал како е спиел.
– Како бебенце! – одговорил тој.
– А ‘рчењето?
– Немаше проблеми. Кога влегов во собата, тој веќе ‘рчеше, а јас само се приближив, го бакнав во образ и му реков „Добра ноќ, драги“. Тој се разбуди и цела ноќ седеше ококорен како був.

Сподели на Facebook
пати видено