Драги Дедо Мраз,

Ти веројатно не си навикнат да добиваш писма на 2 јануари. Но, јас сакам да расчистиме едно мало недоразбирање што настана меѓу нас.
Во почетокот на минатиот месец ти напишав писмо во кое те замолив за велосипед, возче, ролери и фудбалска топка. Цела година учев како луд, имам најдобри оценки не само во моето одделение, туку и во целото училиште. Чесен збор, никој не се однесувал подобро од мене со родителите, браќата, пријателите и соседите. Постојано одев до продавницата, два пати дури и преведов една старица преку улицата. Нема ниту една добра постапка, која да не сум направил. И за кој кур ми донесе еден пар чорапи и идиотско пенкало? Што се замислуваш ти бе, јарец еден!? Да си играш со мене цела година и на крај да ме оставиш со куп ѓубре под елката!? И згора на се, му донесе толку многу подароци на оној имбецил во соседниот стан, што нема да може да помине со нив низ вратата.
Затоа, да не си ни помислил да си го довлечеш дебелиот газ кај мене следната година. Ќе те подберам со камења – и тебе, и твоите елени, па тие ќе се разбегаат и ќе треба да си одиш пеш до забутаниот Северен пол! Не сакам да слушнам повеќе за тебе! Од оваа година ќе разбереш колку лош можам да бидам, ти, дебел и смрден Дедо Мраз!

Од малиот Зоки

Сподели на Facebook
пати видено