Преместувањето на уметноста од линеарна дводимензионална површина во тродимензионална средина, Чикашкиот уметнички институт лансира интерактивно искуство со нивната последна изложба – влегувањет во реплика на познатата слика на Ван Гог„Спална соба“. Собата, која е достапна за изнајмување, ги содржи сите детали во сликата, наредени на начин да потсетуваат на оригиналната соба.

Инсталацијата била направена за изложбата наречена „Спалните на Ван Гог“, која се фокусира околу три негови слики на домашен простор кои ги насликал во периодот 1888-1889. Првата од трите слики ја насликал набргу откако се преселил во неговата „Жолта куча“ во Арл, Франција, но претрпела оштетување од вода веднаш по нејзиното завршување. Ван Гог насликал уште две други верзии на сликите, за да ја зачува композицијата, еднаш додека се наоѓал во болницата во Сен Реми во 1889 година, а втората како подарок на неговата мајка и сестра.

Собата ќе се изнајмува за 10 долари за ноќ и е дел од поголем апартман. „Спалните на Ван Гог“ прикажува вкупно 36 дела на уметникот и ќе биде отворена до 10. мај 2016.

vg01 vg02 vg03 vg04

Сподели на Facebook
пати видено