Рајли Хемсон (21)  тежела 114 килограми пред да ја започне трансформацијата. На својот профил на Инстаграм започнала да споделува фотографии со цел да собере публика која ќе ја поддржува за време на целиот процес.

Со бројка од 24.000 следбеници, таа споделува како губи цели 25 килограми за една година. Нејзината голгота со дебелината започнува уште кога била малечка, не водејќи сметка за храната која ја внесувала. Кога се запишала на училиштето за болничари во Нов Зеланд, ја изгубила самодовербата поради нејзината дебелина.

Главен виновник за нејзината дебелина биле брзата храна, слатките и чипсовите, како и нередовната физичка активност. Рејли се откажала од сето тоа, почнала со внесување на големи количини зеленчук и свежи намирници, а почнала да вежба и во теретана.

Ефектите се очигледни, таа продолжува додека не ја добие посакуваната тежина од 70 килограми. Трудот се исплател.

Сподели на Facebook
пати видено