Има 3 типа на девојки: добри, лоши и паметни (2 дел)

00Добрите девојки го чекаат принцот на белиот коњ, лошите - милионер со црн мерцедес, а паметните знаат дека двата ликови се измислени.

Во продолжение уште десетина карактеристики.

Добрите девојки веруваат во рајот, лошите во пеколот, а паметните во животот.

Добрите девојки спијат во пиџами, лошите - голи, а паметните во зависност од ситуацијата.

Добрите девојки ги бараат своите ерогени зони, лошите - ги знаат, а паметните знаат дека неерогени зони не постојат.

Добрите девојки му се верни на својот маж, лошите на љубовникот, а паметните себе си.

Добрите девојки сакаат деца, лошите сакаат полнолетни, а паметните - своите.

Добрите девојки не носат миничи, лошите - носат и тоа без долна облека, а паметните не носат миничи на работа.

Добрите девојки се сончаат во костим за капење, лошите - топлес, а паметните - на сенка.

Добрите девојки имаат работа, лошите - спонзор, а паметните сопствен бизнис.

Добрите девојки веруваат во искрена љубов, лошите во платена, а паметните во квалитетна.

Добрите девојки се облекуваат внимателно, лошите - провокативно, а паметните - брзо.

Добрите девојки стануваат грижливи сопруги, лошите - волшебни љубовници, а паметните - верни пријатели.

Првиот дел можете да го видите на следниов линк.


blog comments powered by Disqus