Баба Ванѓа - една од најголемите пророчици на нашето време

00Приказната на моќта на слепата бабичка родена во Струмица сеуште го обиколува светот. Кај неа доаѓале важни личности, научници, професори, доктори но и луѓе со обични маки, се зборува дека дури и Хитлер дошол кај неа, да му предвиди до кога ќе биде на власт. Народот раскажува дека нацистичкиот лидер ја напуштил нејзината куќа мошне вознемирен.

Кратка биографија

Приказната за баба Ванѓа почнува одамна, но и денес, предизвикува мистерија, но и страв, страв од нејзините предвидувања, кои се исполниле и кои допрва треба да се исполнат.

Родена на 31 јануари 1911 година во Струмица во семејство на скромни земјоделци, а се омажила во Пиринска Македонија. По бракот го зела презимето од сопругот, Гуштерова. Живеела во село во регионот Рупите на Кожуф Планина во Бугарија. На пасошот и пушувало дека е Македонка иако Бугарите го спорат тоа, затоа поголемиот дел од животот го поминала во Пиринска Македонија.

motika.com.mk

На 12 години силен ветер ја кренал малата Ванѓа во воздух, а кога паднала на земјата изгубила свест. Се разбудила со прав и песок во очите. До вечерта нејзините очи се раскрвавиле. Ослепела, а  четири години подоцна започнала нејзината необична моќ, и покрај слепите очи да ја види иднината, да им ја открие маката и болеста и да му помага на народот. Луѓето кои ја искусиле нејзината моќ велат дека таа имала неверојатно моќ за предвидување, претскажување и можела за миг да посети различни места низ светот.

Баба Ванѓа ја предвидела својата смрт на 11 август 1996 година, но кажала дека нејзината дарба ќе ја наследи десетгодишно девојче од Франција, за кое светот наскоро ќе слушне. 

За моќта на баба Ванѓа

Многумина ја оспоруваа нејзината моќ, ја нарекуваат лажливец и измамничка, но кога нејзините предвидувања почнаа да се остаруваат, народот почна да верува во моќта на бабичка до селото под планините.

Едно од нејзините први предвидувања е за изгубената овца од стадото на татко и. За нејзината моќ семејство почнува да сфаќа кога по неколку месечно боледување од плеврит, кога сите мислеле дека ќе почине, Ванѓа одеднаш станала и на сестра и рекла “Ајде да исчистиме, многу народ ќе доаѓа во нашата куќа“.
За неа народот од Струмица, а подоцна и од околните места прв пат слушнале во 1941 година, година кога се заострила војната.

Љупка, сестрата на Ванѓа се разбудила од силното и нервозно вртење на Ванѓа во сонот. Ванѓа ја прашала дали видела како од собата излегува еден коњаник, војник. Љупка зачудено и рекла дека е сред ноќ и дека најверојатно нешто сонувала. На тоа, Ванѓа и кажала дека сонот и бил многу реален, дека видел убав маж со руса коса, облечен како древен воин, на голем коњ како со силна светлина влегува во нивниот двор. Ванѓа и кажала на сестра си дека човекот и се обратил со следниве зборови:

“Наскоро целиот свет ќе се сруши и многу народ ќе изгине. Ти ќе стоиш на ова место и ќе предвидуваш и за живи и за мртви. Не се плаши. Јас ќе бидам со тебе и ќе ти кажувам што треба да зборуваш“.

Потоа, како носена од виша сила, слепата девојка станала и застанала пред иконата со Исусовото раѓање и почнала да зборува. Таа редела машки имиња, тоа биле имињата на мобилизираните војници кои живи се вратиле од фронтот. 

Од тој момент, народот почнал да тропа на вратата на слепата пророчица и да бара помош.

Најчудно од се е што баба Ванѓа воопшто не ни спиела, народот раскажува дека и дење и ноќе зборувала и дека немала спиено дури цела година.

Во 1942 година, таа се омажила за Димитар Гуштеров и заминала со него во Петрич, Бугарија. Таа многу кратко го знаела Димитар пред да му стане жена, но од моментот кога го запознаа, знаела дека тој е нејзиниот сопруг.

Баба Ванѓа не била само пророчица која говорела за минатото и иднината, таа зборувала со цвеќињата и лекувала болни со напитоци  од разни билки, а и крштевала деца.

Секогаш кога таа почнувала да гледа, да предвидува, велела “Има еден глас, тој ми зборува, тој ми диктира, ако тој ме лаже и јас ве лажам“.

Низ многуте книги и текстови за Ванѓа се среќаваат сведоштва од луѓето кои ја познавале, тие велат дека кога таа предвидувала не зборувала со својот глас, туку како некој друг да говорел користејќи го нејзиното тело.

И како што има верници, така има и луѓе кои што воопшто не верувале во нејзината дарба, ја нарекувале измамничка.

Но, кога нејзините пророштва почнале да се исполнуваат, светот сфатил дека голема дарба и моќ имала слепата Македонка од бугарското село.

Баба Ванѓа предвидела многу трагедии, бомбардирањето на Белград на шести април 1941 година, терористичкиот напад на Америка во 2001, цунамито во Азија, смртта на принцезата Дијана, па дури и сопствената смрт.

Дел од до сега остварените предвидувања

Според досегашното искуство, утврдено е дека 80 проценти од пророштвата на баба Ванѓа се исполниле.

1943
Бугарскиот цар Борис III често ја посетувал пророчицата. Еднаш таа му рекла дека тој ќе умре на 28 август 1943 година.

„Гледам црвено знаме над твојата палата“, му рекла баба Ванѓа на една од посетите.
Нејзините зборови биле точни, цар Борис III умира на 28 август 1943 година, а зимата 1944 година црвено знаме се веело над Софија. Бугарија станала социјалистичка земја.

1979

„Се ќе се стопи како мраз додека славата на Владимир и славата на Русија се единствените нешта што ќе останат. Русија не само што ќе преживее, туку и ќе доминира со светот.“
Ова пророштво е за распадот на Советскиот Сојуз и за подемот на Русија како самостојна држава.

1989

„Сведоци сме на настани од огромно значење. Два големи водачи ќе се ракуваат. Но, мораме да почекаме долго време, пред Осмиот да стане четврти и да се потпише големиот договор за мир на Земјата.“
Ова пророштво на слепата бабичка ја превиде средбата на двајца големи претседатели, американскиот, Роналд Реган и рускиот, Михаил Горбачов и крајот на студената војна. Последната реченица од пророштвото се однесува на придружувањето на Русија кој Групата од седум, односно, сега Г8.

1990

Освен што го предвидела бомбардирањето на Белград, баба Ванѓа го предвидела и распадот на Југославија, велејќи дека тоа е казна поради српското богохулење.
„Југославија ќе се распадне, бидејќи Србите го пцуеја Бог“, говорела таа.
Во 90-тите, таа ја предвидела и судбината на Балканот.
„Сега на Балканот е немирно, но ќе дојде ден кога сите балкански престолнини ќе си подадат рака и ќе си помогнат. Водачите на Софија, Белград, Букурешт, Атина и Анкара ќе се состанат со желба на мир и разбирање“, рекла таа, но тој ден сеуште не е дојден.

2000

„На крајот на векот, 1999 или 2000 година, Курск ќе биде покриена со вода и целиот свет ќе плаче за него“, предвидела Баба Ванѓа.
Сите веруваа дека ќе се случи трагедија на градот и мислеа дека ова пророштво е лудо. Но, 20 години подоцна,  во август 2000 година, кога потона руската нуклеарна подморница „Курск“ нејзините зборови имаа смисла, многу смисла. Во трагедијата загина целиот екипаж, а сеуште не се знае кои биле причините за потонувањето.

2001

„Страшно, страшно, американските близнаци ќе паднат откако ќе ги нападат челичните птици. Волци ќе завиваат во грмушките, невина крв ќе биде пролеана“, гласело едно од пророштвата на баба Ванѓа.
Иако тогаш не било јасно за што таа зборува, на 11 септември 2001 нејзините зборови се исполнуваат – терористичкиот напад на Светскиот трговски центар, познатите Кули – Близначки беа мета на напад со авиони. Во тој период на чело на Америка беше Џорџ Буш, што го појаснува нејзиното пророштво. Буш – грмушка, Волци ќе завиваат во грмушките.

2008
Црн маж ќе биде 44 претседател на Америка и овој ќе биде последниот претседател бидејќи Америка ќе ја уништи економијата. Можно е овој човек да ги подели државите на Јужни и Северни.“
Овие нејзини зборови ги протолкуваа дека Обама е претседателот кој ќе ја извлече Америка од економската криза.

2010

„Убиствата на четири лидери ќе го означи стартот на Третата Светска Војна“, има кажано пророчицата.
Многумина мислат дека овие нејзини зборови се однесуваат на убиствата на неколку лидери, Махму ал Мабхух, лидер на Хамас кој загина во атентат, пред неколку години беа убиени и Гадафи и Садам Хусеин, во авионска несреќа на 10 април животот го загуби полскиот претседател Лех Качињски. Многумина сметаат дека Арапската пролет го означи стартот на Третата Светска Војна, а овој факт се потврдува и со уште едно пророштво, дека војната ќе почне во реонот на Тунис, Египет, Дамаск и Либија. Таа предвиде дека Третата Светска Војна ќе трае до 14 октомври 2014 и дека во неа ќе се употреби нуклеарно и хемиско оружје.

2011

„Поради радиоактивно зрачење во Северната хемисфера, ќе умрат многу животни и растенија.“
На почетокот се претпоставување дека ова пророштво на баба Ванѓа ќе биде последица од експлозија на нуклеарна бомба, но се верува дека ја катастрофата која се случи на 11 март 2011 година во Фукушима. Од радиоактивниот отпад во мориња и зрачењето многу флора и фауна изгина.

Предвидувања за иднината

2013
„Муслиманите ќе започнат војна со хемиско оружје против Европа и НАТО“
За ова пророштво се верува дека е за Сирија и нивната подготвеност за употребат нуклеарно оружје во секој момент. Ако НАТО ја нападне Сирија или Иран, тогаш Сиријците ќе употребат нуклеарки. Исто така, во 2010-тата Русија и даде поддршка на Сирија, дека кога НАТО ќе ја нападне таа ќе биде на нејзина страна.

2014

„Се повеќе луѓе ќе имаат рак на кожата или различни кожни болести.“
Ова пророштво се толкува дека е резултат на радиоактивното зрачење од катастрофата во Фукушима и оружјето кое ќе се користи во 2013.

2016

Европа е празна како резултат на војната и нуклеарното оружје.

2018

Кина станува новата светска сила.

2023

Орбитата на Земјата постепено ќе се менува.

2025

Европа е се уште одвај населена.

2028

Развивање на нов извор на енергија. Гладот полека престанува да биде проблем. Се развива вселенски брод со пилоти за Венера.

2033

Топење на поларниот мраз. Расте нивото на океаните во светот.

2043

Светската економија е во подем. Муслиманите владеат со Европа.

2046

Секој орган може да биде произведен. Размената на човечки органи станува секојдневен метод за лекување.

2066

За време на нападот на Рим, кој е под контрола на Муслиманите, Америка користи нов метод на развивање на оружја, кој влијае врз климатските промени, смрзнување.

2076

Нема класно општество (комунизам).

2084

Обновување на природата.

2088

Нова болест. Луѓето остаруваат за неколку секунди.

2097

Пронајден лек за оваа болест.

2100

Човечки направено Сонце ја осветлува темната страна на Земјата.

2111

Луѓето стануваат роботи.

2123

Војни меѓу помалите земји. Големите земји не се инволвираат.

2125

Постои глад, и ќе се добијат сигнали од вселената. (Луѓето уште еднаш ќе се сетат на Баба Ванѓа).

2130

Колонии под вода. (совети од вонземјаните).

2154

Животните стануваат пола-луѓе.

2167

Нова религија.

2170

Голема суша.

2183

Колонијата на Марс станува нуклеарна нација и бара независност од Земјата.

2187

Успешно се стопирани две вулкански ерупции.

2195

Колониите во морињата се целосно снабдени со енергија и храна.

2196

Комплетно мешање на Азијците и Европејците.

2201

Термонуклеарните реакции на Сонцето се забавуваат. Температурите опаѓаат.

2221

Во потрага по вонземски живот, луѓето се соочуваат со нешто застрашувачко.

2256

Вселенските бродови носат нова застрашувачка болест на Земјата.

2262

Орбитите на планетите почнуваат прогресивно да се менуваат. Марс е под закана од удар на комета.

2271

Микс од жолта, црна и бела раса. Нова раса.

2279

Енергија од ништо.Најверојатно од вакуум или црни дупки.

2288

Патување низ времето. Нови контакти со вонземјани.

2291

Сонцето се лади. Се превземаат обиди за негово обновување.

2296

Сонцето свети. Силата на гравитацијата се менува. Старите вселенски станици и сателитите, почнуваат да паѓаат.

2299

Во Франција, има партизан кој се крева против Исламот.

2302

Се откриваат нови важни закони и мистерии за универзумот.

2304

Мистеријата за Месечината е разрешена.

2341

Нешто застрашувачко од вселената се приближува кон Земјата.

2354

Несреќа со едно од човечки направените сонца, ќе резултира со суша.

2371

Огромна глад.

2378

Нова и брзо растечка раса.

2480

Двете сонца направени од луѓето ќе доживеат колапс. Земјата е во темница.

3005

Војна на Марс. Траекторијата на планетите се менува.

3010

Комета ќе се забие во Месечината. Околу Земјата ќе има појас на карпи и прашина.

3797

До оваа година, сè што живее на Земјата, умира. Но, луѓето се способни да започнат нов живот на нов ѕвезден систем.

3805-3815

Почнува војна помеѓу луѓето поради ресурси.

3854

Престанува развојот на луѓето како цивилизација. Тие живеат во глутници како ѕверови.

3871

Се појавува нов пророк кој ги подучува луѓето на морал и вера. Повторно почнува развој на знаење и цивилизација.

4304

Откриен е универзален лек против сите болести.

4509

Луѓето се развиваат до тој степен што веќе можат да комуницираат со Господ.

4599

Луѓето се бесмртни.

4674

Човечкиот род го доживува својот максимум. Број на луѓе кои живеат на различни планети достигнува 340 милијарди. Почнува асимилација со останатите вонземски облици на живот.

5078

Се преминуваат границите на познатиот космос.

5079

Крај на светот.

Баба Ванѓа говорела и дека за 200 години луѓето ќе остварат контакт со вонземјани, дека „возови ќе летаат на небото со сила од Сонцето“ и дека има скриена порака некаде во светот.

Во својот живот оваа жена предвидела многу работи, а според неа, иднината ќе биде вистински хорор. Ако се верува дека 80 отсто од нејзините пророштва се исполниле, тогаш сите зла што таа ги видела и покрај своите слепи очи нема да се случат, но она што ќе се случи е доволно страшно, црно, вистински хорор. Но, сепак таа еднаш рекла дека човекот не треба да се плаши од смртта, зошто повторно се раѓа... 

Баба Ванѓа беше и се уште е светски феномен од рангот на Нострадамус, во нејзиниот скромен дом дошле милион луѓе, некои со мака, некои од љубопитство, некои со болка. На нејзиниот погреб имало 150 илјади луѓе кои верувале во нејзината моќ, на кои им дала решение за маката и го намалила страданието.  За неа има напишано над 700 илјади публикации, и долги години по нејзината смрт, таа остана мистерија, исто како и кога беше жива.


blog comments powered by Disqus