Топ 10 мистериозни исчезнувања во историјата

00Факт е дека секоја година во светот исчезнуваат буквално илјадници луѓе; за некои од нив на крај се покажува дека се самоубиства, често станува збор и за бегства на адолесцентите од дома, понекогаш некои луѓе сакаат да почнат се од почеток и едноставно ќе се изгубат. Но покрај овие, има и такви исчезнувања коишто едноставно остануваат необјаснети или пак поради некоја причина го привлекле вниманието на јавноста, па така и до ден денес луѓето се интригирани од тие случаи. Еве една таква листа од десет мистериозни исчезнувања.

10. Харолд Холт, 1967

motika.com.mk-se-nasmea-li-denes

Не се случува секој ден да исчезне главата на некоја држава – во овој случај премиерот на Австралија – но токму тоа се случило едно неделно утро во декември 1967 година кога премиерот отишол да плива, и оттогаш никогаш повеќе не бил виден. Се разбира, веднаш била организирана масовна потрага, но и покрај тоа што била изведена најголемата таква операција во Австралија, неговото тело никогаш не било пронајдено.  Се слушале многу гласини околу смртта на Холт вклучувајќи ги тука тврдењата дека тој извршил самоубиство или пак дека си ја лажирал смртта за да избега со својата љубовница. Неговата смрт дури станала и инспирација за многу урбани митови во Австралија, како на пример на пример неверојатната приказна дека бил киднапиран од кинеска подморница или пак дека бил грабнат од НЛО. Но најверојатно, педесет и деветгодишниот  премиер кој што и така не бил со најдобро здравје, едноставно бил повлечен во водите крај плажата која што била озлогласена по своите опасни струи, и останатото е како што велат – историја.

9. Џон Кабот, 1499

motika.com.mk-se-nasmea-li-denes

И не е некоја голема мистерија тоа што му се случило на славниот италијански истражувач Џон Кабот – вториот Европеец којшто стапнал во Северна Америка во 1487 година – и којшто исчезнал заедно со целата негова флота од пет бродови за време на една експедиција кога сакал да најде западен пат од Европа кон Азија. На крајот на краиштата, тоа било 1499 година, кога се уште немало нешта како крајбрежна стража и GPS уреди. Сепак, невообичаено е тоа што никогаш повеќе не се слушнало ниту за барем еден од неговите бродови.  Но всушност, со оглед на тоа што неговите кораби биле примитивни дрвени пловила, веројатноста дека тие или биле уништени во бура, или пак се заглавиле  во заледени води, или пак дури дека екипажот бил погоден од заразна болест – не само што се смета за можна, туку со оглед на тие времиња, се чини и неизбежна.

 

8. Раул Валенберг, 1945

motika.com.mk-se-nasmea-li-denes

Дали некогаш сте слушнале за Раул Валенберг? Не е чудно што малкумина луѓе надвор од Шведска воопшто и слушнале за храбриот шведски дипломат на којшто му се припишува спасувањето на 20 000 унгарски Евреи за време на холокаустот (десет пати повеќе од Оскар Шиндлер, патем кажано). Но такви се каприците на славата. По доаѓањето на советската армија во Будимпешта бил уапсен под обвинение за шпионажа, и после тоа неговата судбина останува мистерија и покрај тоа што наводно бил забележуван во советските затвори се до осумдесеттите години. Во 2001 година, по десет години на истрага било заклучено дека Валенберг веројатно умрел. во јули 1947 година, но до ден денес се уште не е пронајден цврст доказ којшто би го потпкрепил тоа.

7. Судијата Џозеф Форс Крејтер, 1930

motika.com.mk-se-nasmea-li-denes

> При се што денес малку се знае за него, во времето на исчезнувањето на судијата Крејтер – судија во врховниот суд на државата Њујорк – заедно со неговата „девојка“ Сели Лу Риц, претставувало вистинска сензација која што ја предизвикала една од најголемите потраги во дваесеттиот век. Некои велат дека судијата бегал од мафијата, кое што и не е толку невозможно, со оглед на тоа што за голем дел од судиите од тоа време се знаело дека се поврзани со организираниот криминал. Некои пак велат дека судијата и неговата љубовница го испланирале нивното исчезнување за да почнат нов живот на некое друго место, како на пример Рио де Жанеиро. Во секој случај, што и да се случило со судијата и неговата љубовница е добро чувана тајна веќе осумдесеттина години и веројатно мистеријата нема да биде решена во догледно време.

6. Шарл Нанжесе и Франсоа Коли

motika.com.mk-se-nasmea-li-denes

1927 година била голема година за авијацијата, и ништо не било поголемо од трката да се биде првиот кој што ќе го прелета Атлантикот од Париз до Њујорк. Многу авијатичари се стремеле кон тоа да ја имаат честа тие да бидат првите коишто ќе го сторат тоа, но во трката останале само неколкумина натпреварувачи, поради механички или пак финанскиски проблеми.  Се разбира, денес знаеме дека Чарлс Линдберг бил првиот којшто го извел тој фамозен лет, но тоа било тесна битка, бидејќи само неколку дена пред да го изведе својот лет, добро познатиот авијатичар по име Шарл Нанжесе се обидел да ја добие натпреварот летајќи од Париз до Њујорк. За несреќа, или за среќа на Линдберг, тој заедно со својот навигатор Франсоа Коли исчезнал некаде во Атлантикот, и никогаш повеќе не се слушнало за нив. Се претпоставува дека се урнале во океанот, иако некои тврделе дека тие успеале да стигнат до Њуфаудленд или до Мејн и дека се срушиле во големите шуми на таа ретко населена област. Сепак, од нивниот двокрилец наречен „Белата Птица“ не било пронајдено ништо.

5. Глен Милер, 1944

motika.com.mk-se-nasmea-li-denes

Кога славниот американски џез музичар исчезнал на патот од Англија кон Франција за да им свири на трупите во новоослободениот Париз, малку луѓе дознале за тоа во тоа време. Тоа е поради тоа што во истиот ден Германците ја почнале својата последна голема офанзива против сојузниците, која што подоцна ќе биде запаметена како Арденската битка. Што се случило со авионот кој што го надлетувал англискиот канал никогаш не било објаснето, и од Милер ниту пак од авионот немало никаква трага. Се шпекулирало дека германски ловец го соборил или пак дека авионот бил погоден по грешка од британските бомбардери кои што се враќале од откажаната мисија на бомбардирање (Бомбардерите не можеле да слетаат со неексплодирани полнења и морале истите да ги исфрлат пред да слетаат, најчесто во морето). Што и да се случило, смртта на Милер претставувала голем губиток за американската музичка сцена.

4. Д.Б. Купер, 1971

motika.com.mk-se-nasmea-li-denes

Во тоа што ќе стане како еден од најбизарните случаи во авијацијата и во криминалната историја, човекот по име Д.Б. Купер киднапирал Боинг 727 над државата Вашингтон барајќи откуп од 200 000 долари, и потоа скокнал од задниот влез на авионот од височина од три илјади метри, по што никогаш повеќе не бил виден. Се разбира, оваа случка била добар материјал за разни теории на заговор со семожни сценарија и биле осомничени многу луѓе во врска со тоа кој бил мистериозниот човек и што се случило со него. Мистеријата се чинела нерешлива се до моментот кога некое момче играјќи се на бреговите на реката Колумбија во 1890 година не нашло куп распаднати банкноти за кои што подоцна се утврдило дека се дел од откупот на Купер, што било основа за претпоставката дека тој веројатно не го преживеал скокот. Како и да е, пронајдените банкноти биле само дел од севкупната сума, некаде околу пет илјади долари, што би натерало човек да се запрапа што се случило со останатите пари – или пак со човекот којшто замалку ќе се извлечел со совршено злосторство.

3. Перси Фосит, 1925

motika.com.mk-se-nasmea-li-denes

Кога британскиот археолог и истражувач Перси Фосит заедно со неговиот најстар син Џек и пријателот Рели Римел се упатиле во џунглите на Бразил во потрага по скриениот „златен град“, кој би можел да помисли дека би можело да се случи нешто лошо? Како да не се случувало порано кога луѓе ќе се впуштеле во ваква авантура да исчезнат и никогаш повеќе да не се слушне за нив. Се случиле неколку непотврдени забележувања на исчезнатите и следувале многу противречни известувања и теории кои што го објаснувале нивното исчезнување, но и покрај загубата на преку сто животи во повеќекратните мисии кои што следувале по оваа, како и наоѓањето на некои од предметите на Фосит, нивната судбина останува мистерија.

2. Џими Хофа, 1975

motika.com.mk-se-nasmea-li-denes

Па која е ползата од тоа да се биде еден од најомразените синдикатски водачи? Цементна обвивка, веројатно токму тоа го добил босот Џими Хофа кога неговите ортаци од организираниот криминал решиле дека тој повеќе им причинувал штета наместо полза. Во секој случај, кога тој исчезнал некаде после 2:45 часот попладне на 30 јули 1975 година од паркиралиштето на ресторанот Маркус Ред Фокс близу Детроит, никој не бил изненаден. Се разбира, што би можеле да очекувате кога ќе тргнете на состанок со неколку мафиози со интересни имиња како „Тони Џек“ Џакалоне и „Тони Про“ Провенцано? Додека е сосема сигурно дека бил тргнат од мафијашки убијци, вистинската мистерија е во однос на тоа што се случило со неговото тело. Една од најпопуларните теории е дека тоа е закопано на Giant’s Stadium  во Њу Џерси, и дека тоа е последното почивалиште на еден од најкорумпираните, но и најуспешните синдикатски водачи во американската историја.

1.Амелија Ирхарт, 1937

motika.com.mk-se-nasmea-li-denes

Овој случај лесно би можел да се смета како еден од најпознатите случаи на исчезнувањео во историјата, којшто и се случил на 39 годишната авијатичарка и на нејзиниот навигатор Фред Нунан, и кој што останал извор на шпекулации до ден денешен.  Во една од последните етапи на надлетување на светот, парот го напуштил Лае, Нова Гвинеја и се упатил кон Хауланд Ајленд, по што никогаш не биле видени, ниту пак се чуло за нив. Се разбира, најверојатното објаснување би било дека тие едноставно се изгубиле и дека им снемало гориво, присилувајќи ги да слетаат во морето – опасен и веројатно фатален потфат за тешкиот авион со два мотори којшто таа го управувала. Теоретичарите на заговор оттогаш излегувале со претпоставки дека таа била заробена од Јапонците кога летала близу Маршалските острови на тајна шпијунска мисија за претседателот Рузвелт, додека други пак мислат дека таа се скрасила на некој друг напуштен остров заедно со Фред. Дури и во текот на седумдесеттите имало такви кои што верувале дека таа е се уште жива, и дека успеала да се врати во Америка каде што го продолжила својот живот под друго име.


blog comments powered by Disqus