Топ 10 чудни нарушувања на сонот

Еден од условите за здрав живот е здравиот сон и одмор. И после напорен работен ден се чини дека нема ништо подобро од мирен сон. Но понекогаш кај некои луѓе сонот е сврзан со проблеми, кои што можат во голема мера да им го усложнат и будниот живот. За десет такви проблеми ќе зборуваме во примерите кои што следуваат.

 

 

 

 

 

10. Нарушување на РЕМ фазата

 
При ова нарушување личноста ја губи парализата која што е нормала за РЕМ периодот на спиење, што предизвикува нивното тело слободно да се движи за време на нивниот сон. Зависно од видот на сонот кој што го сонува тој што спие, движењата можат да бидат насилни, а понекогаш можат да предизвикаат повреда или за сонувачот, или пак за нивниот партнер во креветот. Нарушувањето може да се излечи со соодветни лекарства.

9. Ноќни терори

 
Ноќниот терор е нарушување на сонот кое што се одликува со краен терор и невозможност да се поврати целосната свесност.  Личноста се буди нагло од сонот, вообичаено придружено со задишаност, стенкање или пак врескање. Често се случува и да не може целосно да се разбуди од сонот и по епизодата личноста повторно заспива без да се разбуди. Сонувачот многу ретко се сеќава на ноќниот терор. Ноќниот терор се разликува од кошмарите во неколку точки. Прво сонувачот не се буди целосно од сонот, а дури и кога некој ќе се потруди да го разбуди, тој може да продолжи да го доживува теророт од сонот и во наредните десет до дваесет минути. Често пати тоа може да биде и опасно за личноста, бидејќи може да предизвика траума, па дури може да се случи и некој да биде повреден (на пр. обидувајќи се да го убие „убиецот“ сонувачот всушност го повредува тој што го буди).

8. Бруксизам

 
Бруксизмот всушност е чкрипење со забите и стегање на вилицата за време на сонот. Тоа е едно од најчестите нарушувања при спиењето, кое што може да предизвика сериозни оштетувања на забите, а во крајните случаи може да предизвика и артритис на виличните зглобови. Најчесто луѓето со вакво нарушување не се свесни за него, се додека не им се појави болка во вилицата или пак чести главоболки. Понекогаш лекарите препорачуваат употреба на штитник за заби или пак ботокс инекции.

7. Синдромот немирни нозе

 
Иако овој синдром може да се појави и кога личноста ќе се разбуди, најлошиот ефект може да го има за време на спиењето.  Синдромот немирни нозе се одликува со неодоливата потреба да се придвижи телото за да се сопре неудобноста или пак некое нелагодно чувство. Најчесто се движат нозете, но понекогаш тоа можат да бидат рацете или пак рамениците. Придвижувајќи го тој дел од телото, личноста при сонот чувствува привремено олеснување, но потоа сето тоа почнува од почеток. За овој проблем се препишуваат соодветни лекарства.

6. Синдромот на 24 – часовно неспиење

 
Ова чудно (и навистина ретко) нарушување се состои во тоа што телото на личноста не може да го препознае редовниот циклус  на спиење. Како последица на тоа, организмот не може да падне во сон во вообичаениот шаблон ден/ноќ. Ако се остави така, без да се побара помош, синдромот може да предизвика ритамот на спиење на личноста да се менува секој ден, постојано поместувајќи го времето за спиење за час или два понапред, така што по неколку дена спиењето се враќа во нормала за ден или два, за подоцна пак да скршне и личноста да почне да се соочува со синдроми на инсомнија. Не мора да се спомне дека овој проблем може сериозно да се одрази врз работоспособноста на личноста. Уште почудно е тоа што ваквиот синдром најчесто се јавува кај слепите луѓе.

5. Апнеа

 
Ова нарушување се одликува со застои во дишењето за време на сонот. Кај клиничките случаи може да се случи и да има до пет застои во текот на еден час. Луѓето со овој проблем се ретко свесни за него. Најчесто за проблемот се дознава од други лица, кои што ги набљудуваат за време на спиењето. Симптомите можат да бидат присутни со години, дури и декади без да биде препознаена причината за нивната појава, за време на кои што личноста чувствува замор и поспаност во текот на денот, иако ноќта пред тоа имале редовен сон. Бидејќи често се случува ова нарушување да е предизвикано од некој телесен проблем, најчесто во носот, понекогаш се применува и хируршка интервенција, а понекогаш на личноста и се приклучува уред кој што ги отвара дишните патишта за време на сонот.

4. Синдромот Клајн - Левин


Синдромот Клајн – Левин е таков синдром при кој што личноста има претерана потреба од спиење, понекогаш и до дваесет часа дневно, и нормално е придружен со претерано внесување на храна, како и ненормално засилена сексуална потреба. Некои специјалисти сметаат дека синдромот се пренесува наследно, други пак сметаат дека е последица на нарушување на имунитетот. За ублажување на ефектите од ова нарушување се препишуваат соодветни лекарства, но сепак со нив не се постигнува целосно решавање на проблемот.

3. Сомнилоквија (зборување во сон)


Оваа состојба му создава големи проблеми не толку на сонувачот, колку што на неговиот партнер. Зборувањето може да биде многу гласно, со времетраење од едноставни поединечни звуци, па се до долги говори. Тие што се приморани да ги слушаат понекогаш разбираат, а понекогаш и не можат да разберат што зборува личноста која што сонува. Најчесто зборувањето се јавува при премините од една не  - РЕМ фаза во друга, при што телото на личноста е делумно будно, па така зборовите во сонот се изговараат на глас. Не постои соодветен третман  за овој проблем.

2. Нарколепсија


Нарколепсијата е невролошко нарушување кое што се одликува со нередовен циклус на спиење. Нарколептиците запаѓаат директно во РЕМ фазата на спиење, при која што најчесто се сонува, и ретко влегуваат во не – РЕМ фазата, при која што телото најмногу се одмора. Како резултат на тоа тие не можат да останат будни подолго време, и кога ќе заспијат, повторно не можат да се одморат како што треба, поради неспособноста на организмот да навлезе во не  - РЕМ фазата. Тоа може да биде причина за крајна и постојана поспаност. Сличен симптом е катаплексијата, при која што личноста директно влегува во РЕМ фазата откако ќе се најде во стресна ситуација т.е. како што некои се онесвестуваат, личностите со овој проблем ненадејно заспиваат. Причините за овие нарушувања се се уште непознати. Најчестите теории се дека се работи за нарушување на автоимуниот систем, или пак дека се работи за генетски преносливо нарушување.

1.Секссомнија

Ова нарушување предизвикува луѓето да вршат сексуални чинови додека спијат. Се смета како друг облик на месечарењето. Во некои случаи сонувачите се свесни за нивното однесување долго време пред да се решат да побараат помош, најчесто како последица од непознавање, или пак од страв да не бидат осудувани од другите, и да не бидат обвинети дека се работи за оправдување за намерни дејства. Како и да е, постоењето на ова нарушување е научно потврдено преку полиграфски и видео снимања на пациентите, како и преку набљудување на необичните мозочни бранови за време на спиењето. Третманите се слични на лекувањата на другите случаи на парасомниа, како што е месечарењето.
 


blog comments powered by Disqus