Мумифицираното тело на еден будистички учител од пред 1000 години сѐ уште има здрави коски и комплетен мозок, откри КТ скен. Откритието беше направено минатата недела откако позлатените остатоци на учителот Си Ксиан добија медицинска проверка во храмот Дингхуи во Вуан, провинцијата Хебеи во северниот дел на Кина.

Си Ксиан бил почитуван монах кој патувал од древна Индија во древна Кина за да го промовира будизмот. Луѓето биле шокирани кога лекарите соопштиле дека монахот сè уште имал целосен скелет и комплетен мозок.

Д-р Ву Јонгкинг изјавил: „Можеме да видиме дека неговите коски се здрави како на нормална личност. Горната вилица, горните заби, ребрата, ‘рбетот и сите зглобови се целосни. Ова е нешто неверојатно.“ Според историските записи, мајстор Си Ксиан потекнувал од Индија.

Тој патувал во Кралството Китан (916-1125) во североисточниот дел на денешна Кина во близина на Корејскиот полуостров за да ја шири будистичката филозофија. Се вели дека превел 10 големи сутри во кинески знаци. Подоцна, тој бил прогласен за национален будистички учител на Китан од страна на кралот.

Некои од неговите преводи биле врежани во камени плочи и можеат да се видат денес. Откако учителот Си Ксиан починал, неговите ученици го сочувале неговото тело, но подоцна се изгубило со текот на годините. Неговата мумија била повторно откриена во 1970-тите во една пештера.

Учителот Ду од храмот Дингхуи вели дека телото на монахот Си Ксиан се чува во храмот од 2011 година. Храмот одлучил да го позлати минатата година. Се очекува Си Ксиан да биде преместен во храмот Шенду храмот на планината Хиангтанг, кој уште е во изградба.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено