Чарли Гард е 10-месечно бебе кое во живот го одржуваат апарати во болницата. Лекарите сакаат да го исклучат детето од апаратите, но родителите тврдат дека е потребно понатамошно лекување. Британскиот суд се согласил со лекарите и како една од причините наведени била дека бебето „не можело да ги отвори очите, или пак да гледа“.

Но храбрата мајка на малот Чарли сподели фотографии каде што бебето е со отворени очи. Судиите од Европскиот суд велат дека бебето мора да биде одржувано во живот се додека тие детално не го истражат случајот.

Неговата мајка Кони Јетс и нејзиниот партнер Крис Гард водат борба за бебето да се одржи во живот, за да можат тие да го однесат во САД, каде што ќе се лекува со експерименталната постапка, која вреди 1,3 милиони фунти, кои родителите на Чарли ги собрале преку донации. Чарли страда од ретка форма на митохондријална ДНК делеција, што значи дека неговите мускули постепено слабеат.

Лекарите од Ормонд Стрит велат дека третманот во Америка е експериментален и нема да му помогне на бебето. Во април судот донел одлука дека бебето не може да патува во Америка за лекување. Родителите за неколку дека ќе дознаат што ќе се случи со животот на нивниот син.

На лекарите од болницата во Британија им биле понудени пари да се продолжи со лекувањето на бебето, но тие тврдат дека не се работи за парите и дека бебето не може да се излечи. Од судот тврдат дека треба да му се дозволи на Чарли да почине достоинствено и да не се мачи повеќе.

Европскиот суд за човекови права го преземал случајот и тој ќе одлучи што ќе се случи со малиот Чарли. Кони врескала и плачела кога Врховниот суд ја прочитал одлуката за прекинување на животот на нејзиниот син. Крис и Кони се убедени дека има шанса за Чарли и дека треба да им се дозволи да ја искористат.

Сподели на Facebook
пати видено