29-годишниот Динг Динг е роден со церебрална парализа во болница во Хубеи,Кина во 1988 година. Лекарите им кажале на неговите родители дека животот на детето не е вреден за спасување и дека треба да се откажат од него. Таткото на Динг Динг веднаш се согласил. Но неговата мајка Зуо Хонгјанг, одбила да го направи тоа. Дури и кога нејзиниот сопруг се развел од неа поради детето, таа продолжила да го одгледува и храбри нејзиниот син. Момчето магистрирало во Кина, а сега ќе замине да студира на Харвард.

Зуо имала тешка бременост и Динг Динг страдал од интраутерина асфиксија. Кога Динг се родил со церебрална парализа лекарите предложиле да се откажат од детето. Ова е честа појава во Кина, родителите да се ослободуваат од децата со посебни потреби. Според податоци од 2014 година се проценува дека 98 проценти од 576,000 деца оставени во сиропиталиштата се со посебни потреби.

Таткото на Динг не го сакал детето и поради тоа се развел од Зуо, а таа морала да работи на неколку места за да може да го одгледува синот. Иако оваа мајка имала премногу работа таа сепак наоѓала време за нејзиниот син и го подучувала.

Како растел, хендикепот кај Динг почнал се повеќе да се забележува. Тој не можел да стои се додека не наполнил 2 години, не можел да оди до 3 години и не можел да скока се до 6 годишна возраст. Тој учел и се развивал поспоро од останатите деца.

Зуо не се откажувала, таа плаќала за лекувањето на син и, дури и самата научила посебна масажа за деца со церебрална парализа. Таа го научила да јаде со стапчиња, затоа што не сакала нејзиниот син да им го објаснува на луѓето неговиот проблем секогаш кога ќе излезе на ручек. Зуо го научила син и како да држи и да пишува со пенкало и го охрабрувала да учи.

„Не сакав да се срами од неговиот физички хендикеп, затоа што тој има надпросечни способности во многу области. Јас бев навистина строга со него кога се работеше за надминување на работите во кои имаше потешкотии“, вели Зуо.

Во 2011 година, Динг Динг дипломирал на Универзитетот во Пекинг на Факултетот за животна средина и инженерство, по што тој магистрирал на Универзитетот во Пекинг на Меѓународниот Правен факултет. Потоа тој две години работел а минатата година беше примен на Харвард во Масачусетс.

„Никогаш не се осмелив ни да сонувам дека ќе се запишам на Харвард. Мојата мајка никогаш не престана да ме охрабрува да се обидам. кога и да се сомневав во нешто таа ме водеше напред,“ вели Динг Динг.

Сподели на Facebook
пати видено