Домашната мачка свикнува и се соживува со своите стопани. Се чувствува добро во својот дом, кадешто е на безбедно и нахранета и секогаш е расположена за галење и играње. Но, кога има мали маченца, се грижи за нив како и секоја мајка. Не ѝ се допаѓа луѓето да ги допираат нејзините малечки бидејќи смета – и со право – дека можат да ги повредат. Понекогаш дури се подготвени и да нападнат во одбрана на своите малечки. Но, што ќе се случи ако нејзиното маче го земе едно мало дете, кое не разбира и кон мачето се однесува како кон играчка. Мачето цивка жално, а детето воопшто не ја разбира вознемиреноста на мајката мачка. Тогаш што?

Погледнете ја реакцијата на мачката кога нејзиното туку-што родено маче се најде во рацете на двегодишно дете, кое нема намера да го пушти, сакајќи да си игра со него. Мачката прави многукратни обиди да ја истргне својата рожба од рацете на детето, и на крајот успева, и тоа без да го издраска детето! Го фаќа мачето за кожата над вратот и го носи на безбедно. Детето плаче бидејќи му е земена „играчката“. Тоа не разбира зошто мачката направи така, а причината е проста – дејствувал вродениот мајчин инстинкт, и мачката-мајка го стори најдоброто во таа ситуација. Грижете се за вашите миленичиња, и почитувајте ги!

Сподели на Facebook
пати видено