Што треба да јадеме за нашиот ум да остане бистар а мислите да бидат остри како жилет? Според едно неодамнешно истражување спроведено од група американски научници, најважен услов во нашата исхрана присутноста на лутеин – важно соединение кое не го произведува телото и мора да се надомести со храна. Спанаќот и зелката се на врвот од листата. Зелениот зеленчук содржи големи количества лутеин, кој исто така може да се најде кај авокадото и јајцата. Се акумулира во ткивата на мозокот и очите.

Научниците од Универзитетот во Илиноис објаснуваат зошто е важно да се одржи соодветно ниво на лутеин во храната. Научниците го проучувале ефектот на лутеин на 60 лица на возраст помеѓу 25 и 45 години. Се покажало дека средовечните луѓе со повисока концентрација на лутеин во телото, во однос на невронските реакции, изгледале многу помлади. Што значи дека лутеинот го штити мозокот од промените поврзани со возраста.

Шведските научници од Универзитетот Линчпинг откриле дека лутеинот успешно се бори против воспаление. Како што знаеме, воспалението во телото е тесно поврзано со коронарна инсуфициенција. Познато е дека воспалението во телото е поврзано со исхемична срцева болест. Во нивното истражување учествувале 193 лица кои страдаат од исхемија.

Научниците ја измериле концентрацијата на 6 распространети каротиноиди (природни пигменти), вклучувајќи и лутеин, во крвта на волонтерите. специјалистите исто така го набљудувале и нивото на интерлеукин 6 – маркер на воспаление. Истражувањето покажало дека колку е поголема концентрацијата на лутеин во крвта, толку е помало нивото на интерлеукин 6.

Еве која храна содржи високо ниво на лутеин и во колкава количина:

– кељ, кадрава зелка – содржи 23 720 микрограми лутеин во 1 чаша
– спанаќ – 20.350 микрограми лутеин во 1 чаша
– репка – 12 154 микрограми лутеин во 1 чаша
– тиква – 2.756 микрограми лутеин во 1 чаша
– зелена салата – 2.899 микрограми лутеин во 1 чаша
– брокула – 1 685 микрограми лутеин во 1 чаша
– моркови – 1 072 микрограми лутеин во 1 чаша
– артишок – 780 микрограми лутеин во 1 чаша
– домати – 221 микрограм лутеин во 1 чаша
– јајца – 191 микрограм лутеин во 1 јајце

Експертите исто така откриле дека воспалителната активност на клетките од имунолошкиот систем на учесниците е намалена со лутеин.

Сподели на Facebook
пати видено