18-годишната Лилиан Константин го осветлувала патот додека се враќала кон дома, поради тоа што уличните светла во тој кварт биле исклучени. Во тој момент ја нападнал 34-годишниот нелегален емигрант Ашраф Миах.

На видеото од 2 минути и 47 секунди се слушаат врисоците на Лилиан додека силувачот се обидувал да ја собори на земјата. Ашраф добил казна затвор од 13 години за обид за силување, од кои 9 без можност за условна казна.

Ова се смета за прв случај во кој жртвата успеала да го сними напаѓачот и тој подоцна да биде успешно фатен. Од замаглената слика полицијата успеала да изолира дел од лицето на овој работник на црно од Бангладеш и да го уапси во неговиот дом во Лондон.

Лилиан одлучила да се откаже од нејзиното право на анонимност и со тоа да ја сподели приказната со светот, за да ги охрабри жртвите од силување да истапат и да бараат правда. Таа вели: „Тешко е да се одбраните од возрасен маж, но ако било кој во слична ситуација како мојата успее да го грабне телефонот и се обиде да го сними напаѓачот, неговите шанси ќе станат поголеми.Мило ми е што го направив тоа, да не го направев ќе бев на друго место сега.“

Лилиан била во близината на нејзиниот дом кога се случил нападот. Таа се допишувала со пријателите на мобилниот и ја осветлувала улицата, поради тоа што општината ги изгасила сите 124 светла за да заштеди.

Девојката на видеото врескала: „ Те снимам! Те снимам! Ќе викам полиција! Те снимам, нема да се извлечеш со ова!“

Вревата ги разбудила околните жители кои што излегле на улицата, тогаш Ашраф избегал.

„Не чувствувајте вина за тоа што ви се случило. Можеби ќе ве истошти, можеби ќе трае, но тоа не треба да ве дефинира како личност.Јас не треба да се чувствувам посрамено а не треба ни некој друг“, вели Лилиан.

Сподели на Facebook
пати видено