Химните се гордост на секоја држава. Тие ја истакнуваат историјата, традицијата и борбата на народот на една земја. Кога се создава една химна постојат многу фактори кои треба да се земат во предвид. Некои химни се создадени во многу необични услови и заслужуваат да се најдат на оваа листа.

Малезија

Малезиската химна била создадена во моментот на паника на помошникот на султанот. Кога пристигнал во Лондон на покана на кралицата Викторија во 1888 година, бил запрашан за мелодијата на химната за да се исполни на церемонијата на прием. Помошникот сметал дека е лошо да признае дека земјата нема химна, затоа испеал песна популарна за Сејшелските острови.

Кога се вратил дома, помошникот му кажал на Султанот што направил и го потсетил да стои исправено кога ќе се пушти мелодијата. На овој начин песната станала официјален химна на државата Перак (денес државата Малезија). Кога Малезија станала независна држава во 1957 година, истата песна била избрана за химна, но текстот бил променет.

Мексико

Во 1853 година во Мексико се спровел конкурс за најдобра поема, која ќе се претвори во текст за националната химна. Пријателката на поетот Франциско Гонзалез Боканегра се обидела да го убеди да ја напише песната, но тој не бил заинтересиран. Затоа таа го заклучила во една соба во домот на неговите родители во која претходно биле закачени фотографии и слики со сцени од мексиканската историја, за да го инспирираат. Таа ја отклучила вратата само кога Франциско го пуштил ливчето со творбата под вратата. Поемата се претворила во текст на националната химна, а подоцна девојка на авторот станала негова сопруга.

Света Елена

Островот Света Елена е под британска власт, но има своја химна, која секогаш се пушта кога бродот Св. Елена го напушта пристаништето. Химната е напишана од американецот Дејвид Мичел, кој никогаш не бил во Света Елена. Тој работи на островот Вознесение, околу 1200 километри од Света Елена. Кога еден близок пријател се вратил од Света Елена, му сугерирал на Дејвид да напише химна за островот. Инспириран од разгледниците, неговиот пријател му го покажал, а Мичел го напишал текстот за „My St.Helena Island”, кој станал текст за националната химна.

Андора

Повеќето химни ја раскажуваат приказната за основањето на државата или историјата на експлоатацијата на нацијата. Само химната на Андора раскажува приказна од прво лице. Во неа раскажувачот е принцезата (Андора), која ја бранат нејзините принцови (народот).

Чешка и Словачка

Кога Чехословачка била основана во 1918 година, нејзината химна е комбинација на чешката опера „Фидловачка“ и словачката песна „Копала студиенку“. Кога Чехословачка се поделила во 1993 година, химната е исто така била поделена, така што првиот дел станува химна на Чешка и вториот на Словачка.

Јужна Африка

До крајот на апартхејдот во Јужна Африка, химната, наречена „Die Stem van Suid-Afrika“, е на африкански. Химната на Националниот африкански конгрес е различна – песната „Nikosi sikolei ‘iAfrika“. Во 1997 година, двете химни биле споени и бил напишан нов текст во кој биле користени 5 различни јазици. Тој започнува со текст на коса, следат текстови на зулу, сетото, африкански и англиски.

Кукови Острови

Химна на Кукови Острови е создадена во 1980-тите. Музиката е компонирана од Томас Дејвис – премиер во тоа време, а текстот кој е на маорски јазик е напишан од неговата сопруга Па Тепаеру Терико Арика.

Сподели на Facebook
пати видено