Луо Хенг, хирург во болницата Дингуан Канти во кинеската покраина Анхуи, бил забележан од пациентите и од колегите како спие на подот во болницата, откако работел 28 часа без застој.  Во текот на ноќта работел на три сложени операции. Тој не правел паузи во текот на работата, иако по правило му следува одмор во текот на работната смена.

Сликите беа споделени во јавноста и наидоа на позитивни коментари за тоа како еден човек може да биде посветен на работата. Следбениците на социјантите мрежи го поздравија овој доктор, како херој на денот.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено