Австралиецот Маџид Шаген направил нешто незамисливо – спаси птица со вештачко дишење и масажа на срцето, соопштуваат медиумите од Петиот континент. Маџид ја забележал птицата падната во базен, која изгледала удавена и не давала знаци на живот. Шаген ја извадил и започал да ѝ ги масира градите. Тоа не помогнало. Тогаш се обидел со вештачко дишење со помош на електрична пумпа. Тогаш се случило чудо и птицата се вратила од оној живот, ширејќи ги крилјата.

kb

И тука не завршува приказната. По чудесното спасување, мажот и птицата кукабара станале пријатели. Сега таа секој ден доаѓа во неговиот дом. Маџид ја нарекол Џорџ. Со оваа постапка Маџид се прославил низ цела Австралија. Видеото е снимено од неговиот син.

Сподели на Facebook
пати видено