Криминалот не се исплаќа, а понекогаш казната нема да биде само затвор – како што е случајот и со овој крадец од Индија. Кога полиицијата го фатила овој крадец во кражба на скап ѓердан, тој решил да го голтне со цел да го скрие доказот.

Но, решителните полицајци смислиле интересен начин како да го повратат ѓерданот од неговиот стомак: го натерале да јаде банани сѐ додека да го исфрли ѓерданот од неговите црева. Ова звучи како нешто што би го сторил Душко Долгоушко, но ова не е цртан филм.

По долга бркотница, полицијата го фатила 30-годишниот Анил Јадав откако бил обвинет дека украл ѓердан од 995 долари.

bn01

Полицајците го пребарале, но не можеле да го најдат ѓерданот. Сведоците изјавиле дека го виделе како голта нешто, и по рентгенското снимање се открило дека човекот го голтнал целиот ѓердан.

bn02

Докторите и полицајците решиле дека најдобро ќе биде да го нахранат со банани сѐ додека телото не го исфрли ѓерданот по природен пат.

bn03

Единствениот проблем во врска со тоа е дека бананите не се некои лаксативи. Како што вели доктор од една друга болница: „Би можел да разберам доколку ова се случеше во некоја полициска станица во руралниот дел на Индија, но не можам да разберам зошто го терале да јаде банани во болница кадешто лесно можеле да употребат лаксативи?“

bn04

Изгледа дека овој метод не бил применет за Јадав побрзо да заврши нужда, туку токму обратното, тоа да трае што е можно подолго.

Сподели на Facebook
пати видено