Кристофер и Кристина Сандерс направиле пакт, кога тие се согласиле да станат згрижувачко семејство, дека тие никогаш нема доброволно да растурат семејство.

Минатата недела, тие си го одржале зборот, кога официјално им посакале добредојде на Коби, 16, Кристијан, 14, Халев, 13, Кајли, 12, Карсон, 10, и Клои, 9 години во својот дом во предградието на Синсинати, Охајо.

Децата биле ставени во згрижувачко семејство затоа што нивните билошки родители имале проблеми со зависност од дрога.

41-годишната Кристина изјавила: „Ние само склопивме договор, какво и да е детето што ќе го добиеме, ние ќе го задржиме. Беше тешко додека да го направиме ова но успеавме.“ Децата биле згрижени кај семејството Сандерс од 2014 година, но тие сакале официјално да ги посвојат, како свои.

„Претходно животот ни беше многу тежок“, изјавил 14-годишниот Кристијан во судницата. Тој исто така им се заблагодарувал на своите посвоители за нивната грижа и љубов, што расплакало голем дел од присутните, вклучувајќи го и неговиот нов татко, Кристофер. „Пресреќна сум што ќе можеме да бидеме со нашето ново семејство, засекогаш!“, додала неговата сестра Кајли.

Кристофер е пресреќен што ќе стане татко на 11 деца и вели дека сите ги сака како да се негови биолошки деца. За Кристофер не претставува пречка разликата во расата и изјавил дека „Сите сме исти пред очите на Бога.“

Сподели на Facebook
пати видено