11-годишниот Ангел Горт бил пријавен како исчезнат од неговите родители, откако се скарал со неговата мајка затоа што не сакал да оди во детски камп. Момчето било дијагностицирано со хиперактивност и полицијата веднаш пристигнала со кучиња трагачи во потрага по соседството.

Телевизиски новинар кој заедно со екипата го надлетувале тој простор со хеликоптер го пронашле момчето на покривот од семејната куќа.

Новинарите кружеле со хеликоптерот и чекале да видат како ќе се одвива истрагата. Кога го забележале момчето веднаш ја известиле полицијата и полицајците го убедиле момчето да слезе од покривот.

„Дали го гледам тоа што мислам дека го гледам? Во ред, дали е тоа тој? Тоа е детето на покривот. Тоа е детето!“, рекол новинарот Рејбурн кога прв пат го забележал Ангел. Кога момчето се спуштило од покривот првата работа што ја изговорило била: „Мајка ми е посрамена.“

Кога го прашале каде му бил паметот кога го направил тоа момчето одговорило: „Не сум сигурен. Размислував за тоа што ќе се случи. Размислував за нешто што никогаш не би требал да го направам. Не сакав да направам проблеми и да го трошам времето на полицајците.“

Горт кој и порано бегал од дома, ветил дека нема повеќе да го прави тоа. „Сфатив колку мајка ми напорно се труди да го направи ова, а јас понекогаш ги правам најглупавите нешта. На неа и е многу тешко и јас сум горд на трпението кое што го има таа за мене.“

Сподели на Facebook
пати видено