Во текот на 60-тите и 70-тите години на минатиот век, северна Калифорнија била тероризирана од серискиот убиец кој остана познат по прекарот Зодијак. Убиецот ја измачувал полицијата и јавноста со писма упатени до локалните венсици. Сепак, и покрај неговата постојана комуникација со медиумите, убиецот никогаш не бил фатен. Всушност и ден денес не се знае многу за него.

ZODIAC-C-14DEC99-SC-HO

Во периодот меѓу декември 1968 година и октомври 1969 тој убил луѓе во Бенисија, Валехо, Лејк Бериеса и Сан Франциско. Биле убиени четворица мажи и три жени. Полицијата имала осомничени, но никогаш не се појавил цврст доказ. Во април 2004 година полицијата на Сан Франциско го означила случајот како „неактивен“, но повторно го отворила во 2007 година. На снимката подолу ќе можете да го слушнете неговиот глас. Морничав впечаток остава тоа што тој се чини толку смирен и прибран.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено